19 Декември, 2025
0.0421

Стравот од најлошото

Објавено во: Балкан 09 Јули, 2015 07:55

Добивај вести на Viber

Очајни луѓе се фрлаат во спуштените ролетни, влезовите на некои банки се обезбедени со челични плочи. Клиентите фрлаат саксии и чекани врз вратите на финансиските институции. Во текот на ноќта од предградијата доаѓаат најсиромашните меѓу сиромашните, тие ги ограбуваат супермаркетите, пребаруваат во канти, за да најдат нешто за јадење. Силите за безбедност пукаат, има загинати и повредени. Грција во текот на летото на 2015 година? Можеби некаде. Сценариото не е измислено, тоа се случи токму на овој начин во аргентинската престолнина Буенос Аирес во пролетта 2002 година. Во тоа време јужноамериканската земја банкротираше, малку пред тоа владата ја ослободи поврзуваната дотогаш кон американскиот долар национална валута. Пезосот се распадна, инфлацијата се препушти во галоп, некогаш релативно просперитетната земја осиромаши за рекордно време. До денес Аргентина уште не е закрепна од кризата, пишува во својата анализа Der Spiegel. Грција може да има слична судбина, ако ја напушти еврозоната и воведе паралелна валута. Германскиот комесар на ЕК Гинтер Отингер ги нарече работите сосема конкретно: лекови, гас, нафта и дури храната може да станат дефицитарни, изјави тој во вторникот во радио Deutschlandfunk. Демохристијанинот препорачува да се предвидат буџетски средства за сличен случај во ЕУ, кои се всушност наменети за природни катастрофи. Неколкупати во изминатите денови германските лидери уверуваа дека Европа нема да ја остави Грција сама во случај на неволја и ќе помогне - како вице премиерот Зигмар Габриел и претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц. Но, нивните забелешки се нејасни, дури и во ЕК засега нема конкретни планови. И за тоа има добра причина: Никој не сака да предвидува паника, ако еврото исчезне и Грција не може да увезува скапи лекови од странство, нема гас, гориво или храна. Сепак е јасно дека се размислуваат слични сценарија, а станува јасно и од писмената позиција, која е обезбедена по барање на Spiegel Online: "Европската комисија, заедно со членовите на еврозоната и останатите европски институции е во близок контакт" и разгледува "различни сценарија ". Но, пред да се завршат консултациите со другите партнери," ние не можеме да шпекулираме ", пишува во позицијата. Само да не се возбудуваат стравовите - тоа е водечката линија на одговорните лица во ЕУ, иако зад затворени врати одамна се зборува за итна хуманитарна помош. Во Германија од 2013 година Министерството за надворешни работи е одговорно за хуманитарната помош во странство. Официјално сепак нема извештаи за евентуални планови за вонредни ситуации или специјални средства за Атина. Поинаку изгледа ситуацијата во невладиниот сектор. Не би биле изненадени од почетокот на "хуманитарна криза" во Грција, иако обично се занимаваат со земјите во развој, а не со оние со развиена економија. "Веќе неколку недели има дискусии за ситуацијата во високо задолжената земја", вели портпаролот на Welthungerhilfe. Сепак засега не се планирани конкретни чекори. "Не може едноставно да товариме камион со производи и да го однесеме во Атина". Засега ниту една слична германска организација не планира операции во Грција. "Лекари без граници" е ангажирана во земјата само во однос на проблемот со бегалците. Обработка: К.К. Извор: Der Spiegel

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен