СТРОГИ МЕРКИ: Грците само еднаш дневно можат да излезат од дома
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 31 Март, 2020
Само еднаш во текот на денот Грците можат да излегуваат од дома.
Властите им порачаа на граѓаните дека можат да излезат до аптека, продавница, супермаркет или пекарница и потоа мораат да се вратат дома.
Се заоструваат мерките со цел да се спречи ширењето на вирусот.
Полицијата продолжува со контролите, а во текот на вчерашниот ден, за непотребно движење и за прекршување на забраната се изречени 2.193 казни.
Од почетокот на мерката, односно од минатиот понеделник заклучно со вчера, забраната ја прекршиле 10.634 лица и биле казнети со 150 евра.
Оваа година Грците Велигден ќе го слават дома.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.