СТРУКТУРА НА ИЗВОЗОТ И УВОЗОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО
Објавено во: Агробизнис, Колумни 18 Мај, 2018 06:45
Поради важноста на извозот за развој на стопанството на секоја земја пак се навраќаме на извозот на македонското земјоделство кое со својот извоз учествува во вкупниот извоз на Македонија помеѓу 12 до 15%.
Овој пат сакаме да ја анализираме глобалната структура на земјоделскиот извоз по стокови сектори на СМТК, вредносно и во проценти.
Таб. 1 Вредност на извозот на македонското земјоделство
во милиони УСА долари

Извозот на храна далеку има најголема вредност, што е позитивно, меѓутоа шестгодишниот период (2011-2016год.) покажува нестабилна вредност, а што е уште полошо има опаѓање на извозната вредност во последните две години за близу 50 милијарди долари. За жал и ако се со помало значење, и другите компоненти имаат слична тенденција, меѓутоа пораст има кај друго, но тоа не можело да ја покрие вкупната намалена вредност помеѓу 2011 и 2016 година за околу 145 милијарди долари.
Таб.2 Структура на извозот на земјоделството (проценти)

Компонентата “друго”ги опфаќа и во извозот и увозот следните производи: маслодајни плодови, животински и растителни сурови материи, животински и растителни масти и восоци.
Анализа на процентите (таб.2) покажува опаѓање на учество на пијалоци и тутун, а пораст на храна и “друго”.
Таб.3 Движење на вредноста на земјоделски увоз
во милиони УСА долари

Положбата на македонската економија низ призмата на вредноста на светскиот пазар е познат по релативно долготрајно и релативно висока негативна разлика. Бидејќи е и македонското земјоделство со негативен извозно-увозен биланс, секој пат е од значење можноста земјоделството сепак да покрие дел од дебаланс на буџетот на Државата.
Во овој период (20111-2016) учеството на земјоделскиот увоз во вкупниот увоз на РМ се движи од 11% до 13% нешто помалку отколку во извозот. Интересно е дека тенденциите во овој период кај увозот се слични на процентите кај извозот.
Таб.4 Структура на земјоделскиот увоз (проценти)

Доколку највисоката вредност на увезената храна опаднала во последните две години за околу 40 милијарди долари (таб.3). Меѓутоа увозот кај пијалоците и тутун не е со намалена вредност. Во споредба со извозот, увозот на храна е далеку со повисока вредност и учествува во вкупниот земјоделски увоз со околу 80% (таб.4) што покажува дека македонското земјоделство не може да субституира поголеми количини на храна. Тоа е резултат и на големата разлика на цената по единица извезена и увезена храна, односно еден тон храна извезуваме за (просек од 5 години) 815 долари, додека увезената храна ја плаќаме по 1164 долари по тон. Ублажување на состојбата може да се очекува ако се ориентираме на поголема поддршка на извоз и повисока финализација на примарните производи.
Проф.Д-р. Борис Анакиев
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





