26 Ноември, 2024
0.0275

Струмица е жариште на корона: Се прави епидемиолошко мапирање во градот и се ангажирани сите лекари, па дури и полицијата

Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Во последниве неколку денови, по Скопје, Струмица е вториот град кој претставува жариште на корона вирусот. Директорот на струмичкиот Центар за јавно здравје, д-р. Петре Витанов, во изјава за Фактор вели дека недисциплината на народот го урива здравствениот систем и за жал и покрај големиот број нови позитивни на ковид, во Струмица се уште има одреден процент граѓани кои не веруваат дека вирусот постои.

-Во моментов во Струмица се врши епидемиолошко мапирање, односно се бараат позитивните случаи, како и нивните контакти за да можеме да ги изолираме и да ја ставиме ситуацијата под контрола. Ова е исклучително тежок процес, бидејќи се кријат, не даваат точни броеви, па во многу случаи бараме асистенција и од полицијата, вели д-р. Витанов.

Смета дека главни фактори за високиот број на позитивни граѓани на ковид во нивниот град се непослушноста, недисциплината, непочитувањето на протоколите. Вели дека не само клубот „Аватар“ ја направи штетата, ниската свест на граѓаните за опасноста од ширењето на корона вирусот го дадоа целосниот резултат.

-Градот е целосно раздвижен. По една долга стабилна епидемиолошка слика, кога имавме само по 2-3 позитивни, струмичани велеа, „ние немаме, ние немаме“. Е сега тоа навистина ни се удри од глава. Луѓето се премногу опуштени. За жал, па и уште е така. Одреден процент сметаат дека сето ова се теории на заговор, но кога завршуваат на инфективните одделенија, гледаат дека не е така, потенцира д-р. Витанов.

Истовремено истакнува дека секаде низ Македонија болничките капацитети забрзано се полнат, па таков е и случајот во струмичката болница, каде е направено преместување на некои одделенија за да се создадат уште места за хоспитализирање на пациенти болни од ковид.

А.Б.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите

ЦИГАРИ, НАКИТ, ОБЛЕКА, ПАРФЕМИ - Цариниците со полни раце работа, спречен и шверц на мигранти

ЦИГАРИ, НАКИТ, ОБЛЕКА, ПАРФЕМИ - Цариниците со полни раце работа, спречен и шверц на мигранти

Крмов со објаснување: Му го навредија семејството на Апасиев, ова е втор инцидент со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

Крмов со објаснување: Му го навредија семејството на Апасиев, ова е втор инцидент со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје