Струмичкиот градоначалник Заев апелира за поголема хуманост за сиромашните семејства
Објавено во: Мои пари 22 Октомври, 2014 19:50
„Времето во кое што живееме се повеќе ја става на пиедестал потребата да бидеме хумани, да помагаме на граѓаните, особено на оние на кои што навистина им треба помош. Иако, важиме за регион кој што е најголем производител на храна, сепак, сиромаштијата и гладта се присутни и во нашата Струмица и затоа борбата за секојдневна, колку што може побогата трпеза, од страна на секој родител за своите деца, треба да биде помогната од општеството. Целта на денешното собирање со донирање на сите овие пакети на семејства на кои што им е потребна храна е пред се испраќањето на пораката за хуманост до сите граѓани кои што можат да помогнат и да донираат храна. Апелираме до граѓаните секогаш кога можат, 365 дена во годината, да помагаат. Навистина има многу семејства кои што се гладни, кои што имаат недостаток на храна и на кои им треба помош. Сите заедно можеме да изградиме социјално одржливо општество, да бидеме хумани луѓе и пред се со исполнета душа ако меѓусебно си помагаме, апелот е да помагаме секогаш кога можеме, на секого и на било кое место“, рече градоначалникот Заев.
Можеби ќе ве интересира
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“
Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници
Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!
Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?




