Струмичките земјоделци најавуваат протест, ВМРО-ДПМНЕ смета дека се злоупотребени
Објавено во: Агробизнис
17 Септември, 2014 19:20
Добивај вести на Viber
Земјоделците од струмичкиот регион се жалат на неисплатените субвенции. Бараат итна исплата или се заканија со протест. Своите барања тие денеска ги доставија до Владата, министерствата за финансии и за земјоделство и до Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството.
„Да ни се исплатат заостанатите субвенции за изминатите две години, како и да се почитува законската обврска за исплата до крајот на годината за 2014 и конечно да се прекине со дискриминацијата кон земјоделците преку исплаќањето на субвенциите“, бара Ристо Велков , претседател на Синдикатот на земјоделци во струмичкиот регион.
Земјоделците тврдат дека пари не зеле ниту за отштета од поплавите кои пред две години го погодија струмичкиот регион.
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека земјоделците се злоупотребени „преку луѓе на Зоран Заев“, лидерот на СДСМ. Во партиското соопштение се нагласува дека двајца од незадоволните земјоделци кои биле денеска пред Владата, всушност биле познати како блиски луѓе на струмичкиот градоначалник.
„Ако тие двајца немаат добиено субвенции тоа единствено може да е заради недоставување на комплетна и неопходна документација до државните институции за што и самите треба да се свесни. Прашуваме зошто не се бунеа овие луѓе кога Заев и СДСМ бараа да не им се исплаќаат субвенции се додека не поминат изборите и не се формира Влада. Тогаш никој не рече ни збор, а токму тоа барање на СДСМ ја успори значително исплатата на субвенциите, стои во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ нагласува дека „за разлика од СДСМ“ е земјоделска партија, која го разбира земјоделецот и неговата мака и која го помага земјоделството со рекордни 600 милиони евра субвенции исплатени досега.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?