05 Декември, 2025
0.0495

Струмичките земјоделци си ги земаа резултатите по февруарските поплави

Објавено во: Агробизнис 14 Јуни, 2013 15:30

Добивај вести на Viber

Руралната коалиција денеска во Струмица на 40-тина земјоделци им ги врачи резултатите од  анализите на земјиштето поплавено во февруари годинава, а кои беа на испитување во Факултетот за земјоделство и храна во Скопје. Како што истакна Трајан Димовски, извршен директор во Рурална коалиција, овие активности се спроведуваат во рамките на проектот „Анализа на почвата во поплавените подрачја во Струмичко и Светиниколско”. - Ова се официјални резултати кои им ги врачуваме на земјоделците со цел да ја согледаат состојбата на бонитетот, односно киселоста на почвата по поплавите што ги зафатија овие овие два региона во текот на февруари годинава. Сега сме во средината на реализацијата на овој проект кој кон средината на јули ќе го завршиме со семинар и советување на земјоделците за педолошките карактеристики и рационалната употреба на минералните губрива со цел поквалитетно и побогато производство, а со тоа и заштеда и поголем профит за земјоделските производители. Со помош на локалните координатори на проектот, земјоделците ќе се запознаат со превентивните мерки кои трерба да ги преземат со цел намалување на штетите од поплавите, изјави извршниот директор на Рурална коалиција, Трајан Димковски. За Ристо Велков, кој е локален координатор во овој проект, добиените резултати од анализите покажуваат дека над 95% од земјиштето е со добра ПХ вредност. - До овие резултати е дојдено пред се заради фактот што примероците од земја се земени во понапредната фаза од производството, кога земјоделците веќе извршиле прихрана на посеаните површини. Но, сепак и овие резултати ја потврдуваат потребата од редовни анализи на земјата со цел рационално користење на минералните ѓубрива, чија цена е се повисока и ги зголемува трошоците на производство, нагласи координаторот Ристо Велков. Тојн побара од Министерството за земјоделство, како и од надлежните државни органи да преземат активности за исплаќање на утврдените штети по февруарските поплави во кои настрадаа раноградинарите од  Струмичко.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?