Стружани добија вистинско кино, ама ќе мрзнат во него
Објавено во: Мои пари 08 Јануари, 2013 14:47
Во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ од Струга беше инсталирана новата кино опрема доделена од страна на Mинистерството за култура. Трето Полувреме веќе ја имаше и својата премиера во градот на поезијата. Разликата е голема, вели Директорката на Центарот Слободанка Попоска, која појасни дека филмовите се прикажуваат преку проектор со дополнителен објектив и ХБ резолуција и три-де плеер марка „Филипс“.
Сепак, појаснува Поповска голем проблем останува грењето во текот на зимските месеци.„Просториите редовно ги затоплуваме, но објектот е стар и нема соодветна изолација, така што тешко се загрева. Имаме доволно количество нафта, редовно загреваме од сите страни, но не се чувствува голема топлина. Уште пред две-три години повикав стручно лице, инженер, кој кажа дека само со добра изолација, големата просторија може да биде затоплена“, изјави Директорката на оваа установа.
Центарот е изграден пред 4 децении, а делумно реновиран со сопствени средства, но и со помош од министерството за култура, како и од Американската агенција за меѓународен развој УНДП која донираше 10 илјади долари за библиотеката која работи во рамки на установата.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност
Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје
НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker
Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници





