Студено утро во Македонија, Нова година со минусни температури
Објавено во: Македонија 31 Декември, 2016 08:47
Многу студено утро имавме во Македонија, а исто ќе биде и вечерва за Нова година.
Измерени се -13 во Маврово, -12 Лазарополе, Крушево, -9 Берово, -8 Прилеп, Битола, Пожаране, Претор, Ѓуриште, Крива Паланка, Тетово, Тополчани, -7 Охрид, Виница, -4 Скопје-Зајчев Рид, -3 Скопје-Петровец, Штип, Куманово, -2 Струмица, -1 Дојран, Демир Капија, 0 Гевгелија.
Во текот на ноќта и изутринава преовладуваше променливо облачно време, а малку поведро беше во западните делови. Дуваше слаб до умерен, а долж Повардарието повремено и засилен северен ветер, во Штип со брзина околу 50 км/час.
Претпладне ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди, а попладне облачноста ќе се намалува. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5 степени. Во текот на Новогодишната ноќ ќе преовладува ведро и студено време со слаб до умерен северен ветер и температура од -10 до -2 степена.
До вторник ќе преовладува стабилно и суво време со студени утра, а преку денот ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. Утринските температури насекаде ќе бидат под нулата (-13 до -5 степени), на планините ќе се спуштат и до -15 степени, а дневните од утре ќе бидат во благ пораст. Во средината на наредната недела ќе има преодно наоблачување со слаб локален дожд во пониските места и слаб снег на повисоките места и планините.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




