СТУДЕНТИ ОД ПРАГА ЗА ФАКТОР – ТОЈ ЗАСТРЕЛА И СВОИ КОЛЕГИ: „Не можам да замислам да се вратам во зградата каде беше направен масакрот“
Објавено во: Свет 22 Декември, 2023
Знамињата во чешката
престолнина денеска се на половина копје, а за утре е прогласен Ден на жалост,
откако 24-годишниот студент по историја уби 14 и рани уште 25 студенти во
вчерашното масовно пукање на една од најстарите високообразовни установи во
Европа, Универзитетот Карло во Прага.
По вонредната седница на владата, претседателот Петр Павел рече дека 23. декември ќе биде ден на жалост со знамињата на официјалните згради кои ќе бидат спуштени на половина копје.
„Би ја изразил мојата голема тага заедно со беспомошниот гнев поради непотребната загуба на толку многу млади животи“, рече Павел.
„Сакам да изразам искрено сочувство до најблиските на жртвите, до сите кои изгубија свој најмил во овој трагичен инцидент, најтрагичен во историјата на Чешката Република.
Масакрот се случил вчера попладне на Факултетот за уметности на Универзитетот Карло, преку реката од Прашкиот замок и во близина на други историски места во живописниот град, вклучувајќи го и Карловиот мост од 14 век.
Во изјава за Фактор, студенти токму од Факултетот за уметности сведочат за крвавиот настан.
-Денеска се чувствувам подобро, но уште сум во голем шок. Одев кон Факултетската зграда зошто требаше да ми почне час, но полицијата ме врати назад, односно ми рече да се вратам дома. Тоа е буквално мојата зграда, таму ги слушам сите предавања. Не можам да замислам да се вратам во таа зграда после празниците, кога ќе заврши распустот.
Денеска требаше да биде последниот ден од семестрот пред Божикните и Новогодишните празници
Началникот на прашката полиција, Мартин Вондаршек потврди 14 жртви на ужасното злосторство и 25 ранети, од кои 10 сериозно.
-Сите жртви се убиени во зградата, додаде тој. Медиумите објавија дека барем некои од нив биле колеги студенти на напаѓачот.
Чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракушан за чешките медиуми изјави дека 13 од 14-те жртви на вчерашната престрелка се идентификувани.
Меѓу повредените има и тројца странци, рече тој, а холандското Министерство за надворешни работи веќе објави дека еден од повредените е холандски државјанин.
Министерот Ракушан рече и дека превентивните безбедносни мерки кои се во сила ќе траат најмалку до 1 јануари. Чешката полиција утринава соопшти дека спроведува превентивни безбедносни мерки низ целата земја, додека продолжува работата на идентификација на сите жртви од вчерашната престрелка.
Анита Буховски
ФОТО: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.