10 Мај, 2024
0.0292

Студентите на тапет!

Објавено во: Економија, Колумни 13 Октомври, 2014

Добивај вести на Viber

Најавите дека ќе се воведува екстерно оценување на студентите ја разбранува јавноста. Едвај се,, оправивме,, од шокот со екстерното во основните и средните училишта, па сега и на факултетите. Да бев денес студент навистина ќе бев во дилема каде да студирам. Прво дали во Македонија или во странство, а потоа на приватен или државен факултет, секако ако имав финансиска можност да изберам. А да се студира  треба и мора! Независно каде ќе се одлучат, студентите заслужуваат најдобро образование, креирано така за да утре бидат оспособени брзо да се прилагодат на идните работни места. Реформи во образованието треба да се прават и доколку тие се вистинските треба да донесат само добро.  Но како ќе знаеме дека одредена реформа е добра или не. Ако не е добра, последиците би биле големи и само би се изгубило непотребно време. Токму и затоа секоја промена, реформа, независно колку  е мала или голема, треба да почне со фаза на пилотирање на мал број на факултети, каде ќе се провери што е тоа што функционира, а што треба да се менува пред да се примени во сите високо образовни институции. Откако ќе се реализира пилот програмата треба да се оцени нејзината успешност и ефектите кои се постигнати. Ако резултатите се добри следи нејзино широко имплементирање. Во тој контекст можеби и воведувањето на екстерно тестирање по завршен факултет, треба да биде пилот проект, па потоа ако е успешен да се воведе. Во спротивно само студентите би биле дополнително оптоварени, без некој ефект. Како и да не се досега оптоварени со учење на крајно непотребни работи. Дури и не познавам некој кој додека студирал да немал впечаток дека учи крајно непотребни работи. Да, не гледам логика во екстерно тестирање по предадена и одбранета дипломска работа. Ако си “извозил” четири години, си убедил еден куп професори дека треба да ти дадат преодна оценка, која е логиката пак некој за тоа да те проверува. Зошто да не се проверува само професорот, неговата стручност, наставната програма па и самиот факултет. Како професор на факултет и самиот сум бил изложен на евалуација од студенти по различни критериуми, и тоа е нешто сосем нормално. Целта е да се има позитивни промени, надградба, усовршување..нешто што треба во континуитет да постои. Студентите тоа го заслужуваат, а посебно кога плаќаат за своето студирање. Сметам дека суштината на секоја образовна реформа, е да се креираат услови за студирање кои на најдобар начин го подготвуваат студентот за да може што подобро да одговори на потребите на пазарот на трудот. Образовниот систем треба постојано да се прилагодува на пазарните барања, и да биде во тесна врска и постојана соработка со работодавачите. Тука е суштината на секоја образовна реформа. Бидејќи поразителна е информацијата од последното истражување на проектот ФРАМЕ финансиран од ЕУ, дека само 44.7 проценти од дипломираните студенти на возраст од 20-34 години во Македонија се вработуваат во рок од 3 години по завршувањето на студиите (што е сосема спротивно во однос на просекот од 74.8% на ЕУ – 27 земји членки). Податок што подразбира неусогласеност на вештините кои ги обезбедува македонскиот систем за образование и оние кои ги бара пазарот на трудот, што е причина работодавачите често да не можат да најдат соодветни кандидати. Развојот на образовниот процес треба да биде базиран на докази, како и на подобрена институционална соработка. Не сакам да имам чувство дека денес образованието станува чисто профитна категорија, бизнис за некого.. Студентските клупи можеби се минато за мојата генерација, но не значи дека треба да бидеме индиферентни. Изборот на образовна институција, средно училиште па и факултет, и понатаму ќе биде една од потешките одлуки за поголемиот број на адолесценти. Како и за нивните родители, кои не ретко донесуваат одлука за нив. Сашо Дуљанов

Можеби ќе ве интересира

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?