05 Декември, 2025
0.1134

Студентскиот парламент загрижен за недонесувањето на буџетот

Објавено во: Економија 18 Декември, 2012 12:48

Добивај вести на Viber

Блокадата на Буџетот би значело стопирање на исплата на студентските стипендии, односно стопирање на парите со кои ние опстојуваме, се школуваме и инвестираме во нашето образование. Сакаме да упатиме јасна порака дека блокирањето на Буџетот е создавање лош имиџ во колективната меморија на младиот човек и евентуално негово недонесување ќе претставува трајно осакатување на младите, изјави денеска Кирил Спироски, претседател на Студентскиот парламент на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје.

Студентскиот парламент како организација која ги застапува интересите младите, на студентите, посочи Спироски.

- Студентскиот парламент ќе ги заштити интересите на младите, на студентите и преку овој јавен настап укажуваме дека ќе ги предупредиме сите надлежни дека ќе ги искористиме сите демократски механизми за да ги заштитиме студентите. Исто така, апелираме до политичките субјекти да се изгласа Буџетот и да се откажат од блокада и опструкции, рече Спироски.

Потенцира дека со недонесувањето на Буџетот се доведува во прашање и најавената реконструкција на студентските домови кое е долгогодишно барање, еден од највисоките приоритети на оваа гарнитура на Студентскиот парламент на УКИМ и вистинска потреба на студентите. Исто така, како што нагласи, се загрозува и опстојувањето на научните лаборатории чие функционирање е неопходно за научната наобразба на студентите.

- Во овие 20-ина години стипендиите и кредитите можеби биле мали, нивната исплата доцнела, ни ги крателе средствата, но никогаш претходно не се доведувало во прашање нивното постоење и конечната исплата, рече Спироски.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката