СТУДИЈА ОТКРИ: Социјалната дистанца може да трае 18 месеци
Објавено во: Свет, Корона Вирус 17 Март, 2020 20:24
Социјалната дистанца можеби ќе треба да трае 18 месеци, откри студија од Велика Британија.
Мерките за изолација во британската јавност за сузбивање на коронавирусот можеби ќе треба да се одржат 18 месеци, додека не е широко достапна вакцина за коронавирус, покажа студијата. Пандемијата на коронавирус, доведе до смрт на околу 250.000 луѓе, што ја натера владата да направи пресврт, пишува Форбс.
Во извештајот, објавен од Империал колеџ во понеделникот вечерта, се открива дека најефикасната стратегија за борба против пандемијата на коронавирус ќе биде една која е слична на онаа што ја донесоа кинеските власти, и ќе се бара целата популација на Велика Британија да практикува социјално дистанцирање, заедно со самоизолација од заразени случаи и карантин во домаќинството.
Според извештајот, преземените мерки за сузбивање на вирусот ќе треба да се одржат се додека вакцината за коронавирус не стане широко достапна, можеби 18 месеци.
Претходната стратегија, наведена во извештајот на Империал колеџот се состоеше од сомнителни луѓе дека се заразени и членовите на нивните семејства кои се самоизолирани, но не вклучуваше активности што треба да бидат преземени од страна на остатокот од општеството во Велика Британија. Овој план може да го забави ширењето на коронавирусот, но не може да го стопира, се вели во извештајот.
Инаку, за само 24 часа од коронавирусот се зарзени близу 14 илјади нови пациенти, по што денеска генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом апелира до владите во светот да се тестира секој сомнителен случај.
фото Форбс
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




