Студот може да ги измрзне овошките и лозјата
Објавено во: Агробизнис 05 Јануари, 2017 09:16
За време на викендот се очекуваат многу ниски температури кои можат да ги измрзнат лозјата и овошките.
Температурите во наредните денови се очекува да паднат до -20 степени Целзиусови. Тие нема да предизвикаат никакви штети кај есенските посеви, но претставуваат опасност за овошките и лозовите насади.
Ангелко Ангелески од УХМР вели дека се можни оштетувања на родните папки кои се во услови на мирување, а не е исклучено и измрзнување на тенките гранчиња.
„Очекуваме да се формира снежна покривка насекаде во Македонија, вклучувајќи ги и земјоделските региони, особено Пелагонија и Овче Поле каде има житни култури. Тие во овој момент се најмногу изложени на надворешните влијанија но, се надеваме дека нема да претрпат никакви штети зашто снежната покривка делува како изолатор. На удар ќе бидат многугодишните дрвја, виновата лоза и овошките кои се во фаза на презимување, посебно ако температурите паднат до – 18 степени“ - објаснува Ангелески.
Студот нема да има поголемо влијание врз другите култури, но на некои од нив ќе им биде потребно и загревање.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





