Добивај вести на Viber
Прво во Љубаништа, потоа на музика и ручек во Свети Наум, па назад во Охрид на бизнис-туристичка прошетка. Такото и синот кои се најавуваат како големи инвеститори и индиски милијардери се вратија во Македонија за да видат како течат работите за најавениот огромен проект за изградба на луксузен туристички комплекс на Охридското езеро. Субрата Рој, контраверзниот бизнисмен кој се товари за криминал во Индија и синот Сушанто Рој, заедно со тимот од „Сахара Индија Паривар“ од Љубаниште најавија дека за две години ќе почне реализација на најавените проекти.
Синот на Субрата Рој најави дека очекува поддршка од државата и народот за реализација на проектите во земјава.
„Има многу работи кои ги планираме во Македонија, за таа цел ќе донесеме експерти од Индија. Сакаме да развиеме повеќе сектори како угостителството, земјоделството, фармерството. Имаме големи планови со Македонија, очекуваме дека ќе бидеме поддржани од државата и од народот. Во 2014 или 2015 ќе бидете во можност да видите многу градби и активности. Тоа е нашиот план за Македонија, подготвуваме голем тим кој ги разгледува сите проекти што ќе ги работиме тука“, истакна Сушанто Рој.
Попладнево индиската делгациаја на чело со Субрата Рој, се спушти во Охрид за да ги разгледа и културно- историските споменици во градот. Според најавите, Субрата Рој утре ќе се сретне со министерот за финансии Зоран Ставрески и со претседателот Ѓорѓе Иванов, а во сабота компанијата ќе биде домаќин на голем коктел на кој е најавено присуство на претседателот Иванов и премиерот Груевски, како и министри и претставници на дипломатскиот кор.
Во сабота компанијата „Сахара Индија Паривар“ ќе биде домаќин на голем коктел на кој е најавено присуство и на претседателот Иванов и премиерот Никола Груевски, како и министри и претставници на дипломатскиот кор.
Според најавите инвестицијата на Субрата Рој во земјава ќе изнесува стотици милиони евра.Тој треба да гради суперлуксузен туристички комплекс „Сахаријан Македонија“ на површина од 240 хектари, а неодамна
побара да му биде отстапено уште земја во Љубаништа, за дополнителните објекти.