05 Декември, 2025
0.0454

Субрата Рој доби „црвен картон“ од Џумајлија

Објавено во: Агробизнис 11 Март, 2015 12:42

Добивај вести на Viber

Пропадна бизнисот на индискиот бизнисмен Субрата Рој во агрокомбинатот Џумајлија, па  Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) одлучи да бара нов инвеститор.

Од Министерството објавија јавен повик за изразување на интерес со цел закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост во Џумајлија, со површина од 4,435 ха (локација, источниот дел на Македонија). Целта на огласот е заинтересираните компании да достават писмо за интерес за инвестирање во земјоделскиот сектор.

 Компаниите треба да достават бизнис план кој го вклучува следново:

- Износ на вкупните инвестиции;

- Опис на применетите технологии, спецификација на механизацијата, и

- Планираниот број на вработени по години;

 Со цел да се идентификуваат заинтересирани страни, Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство на Р.М. ги поканува потенцијалните инвеститори да достават писмо за изразување на интерес.

Писмото за изразување на интерес треба да биде доставено до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во електронска форма, рок за доставување: до 22 април 2015. (За дополнителни информации, слободно контактирајте ги контакт лицата).

Писмото за изразување интерес треба да содржи профил на компанијата (вклучувајќи сопственичка структура, преглед на финансиски извештаи за последните три години, и краток опис на бизнис планот).

На следниот линк ќе може да ја превземете брошурата која ги содржи детланите информацииwww.mzsv.gov.mk

Писмото за изразување на интерес со бизнис планот мора да бидат испратени исклучиво наmail каде по добивањето на документот ќе се добие потвда.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?