Добивај вести на Viber
Индискиот бизнисмен Субрата Рој најави дека следната година ќе ја посети Србија, со цел да процени дали има простор да инвестира во српското стопанство.
Тој за Танјуг изјавил дека сеуште не ја гледа Србија како земја за инвестирање, но дека следната година ќе ја разгледа и таа можност, посебно во областа на земјоделството.
-Многу ми е важно во земјата во која инвестирам да ја имам и поддршката од државата и локалната самоуправа, изјавил Рој.
Субрата Рој во Македонија најави милонски инвестиции, изградбата на современа млекарница во комбинатот „Џумајлија“и туристички комплекс на Охридско езеро. А во Скопје го донесе и Сахара Балканскиот мировен фестивал .