Добивај вести на Viber
Индискиот бизнисмен Субрата Рој кој во Охрид слета со два приватни авиона е во придружба на 40 члена делегација, во која се менаџери од областа на земјоделството, туризмот, филмската индустрија.
Според најавите најдоцна до крајот на година бизнисменот Рој ќе инвестира во отворање на филмска продукција во Македонија, не е исклучена можноста и од ангажирање на домашни филмски работници..
Обвинувањата за финансиски малверзации не се вистина
Субрата Рој од Охрид порача дека во Индија почнал процес на враќање на парите на инвеститори, за кој го товареше тамошниот Врховен суд, но негира дека неговата компанија е вклучена во незаконски дејства. Индискиот бизнисмен Субрата Рој, како што пишуваа тамошните медиуми со одлуката на Врховниот суд на Индија заради измами и даночно затајување од 4,4 милијарди долари му го замрзна целиот имот и сметките на Рој, а подоцна распиша и потерница за негово апсење. Нешто подоцна во јавноста се појави веста дека индискиот регулатор на пазарот СЕБИ започнал со процесот на враќање на парите што компанијата на индискиот бизнисмен Субрата Рој ги должи на инвеститорите. Субрата Рој, иако беше претставен како милијардер и голем инвеститор, сепак на сослушувањето пред регулаторот на пазарот СЕБИ изјави дека неговиот вкупен имот што го поседува не е поскап од 1 милион долари.
Љубаништа ќе се гради во две фази и ќе бил луксузен објект
Субрата Рој во земјава е по трет пат, се очекува на македонските власти да им го испорача барањето дека е неопходна дополнително земјиште на локацијата Љубаништа. Инаку, компанијата веќе побарала дополнителни 17 хектари земјиште во Љубаништа, за да имало доволно простор за луксузниот туристички комплекс кој сака да го гради. Но, според најавите тие парцели се веќе спорни, а реагираше и црквата. Рој опстојува на ставот дека ќе гради луксузен објект во Љубаништа и тоа во две фази, потврдува дека нема да биде нарушена еколошката состојба на езерото согласно прописите на УНЕСКО...
Владиката Тимотеј не му го дава земјиште на Субрата Рој
Владиката Тимотеј за интернет телевизијата „НОВА“ изјави дека "нема намера ниту да дава, ниту да подарува земјиште, ниту пак дека некој го прашал за земјиштето", додавајќи дека "не може власта, односно Министерството за култура да дава нешто што не е нивно". Што се однесува до Субрата Рој, Владиката Тимотеј го карактеризира со зборовите- "тој е обичен мангуп".
Од друга страна пак, Министерството за култура за НОВА изјави дека спорното земјиште "не е црковно, туку државно" и оттука, Република Македонија се води како сопственик.
„Немаме намера ниту да даваме, ниту да подаруваме земјиште, ниту, пак, некој прашал за земјиштето. Не може власта, односно Министерството за култура да дава нешто што не е нивно“, изјави владиката Тимотеј за „Нова“ и додаде „што се однесува до Субрата Рој, тој е обичен мангуп.
Субрата Рој досега во Македонија инвестирал 10 милиони евра
За најголема инвестиција во Македонија досега индиецот го смета купувањето на хотелот „Славија“ во Охрид, а вкупните инвестиции во Македонија досега изнесуваат 10 милиони евра..Рој тврди дека во Македонија пронашол бизнис интерес за инвестирање, но вели дека вложувањата во една земја не се само парите, туку и емоцииите. Во Охрид вчера индискиот бизнисмен со министерот за финасии Зоран Ставрески имаше повеќе од еден час изолирина средба на терасата на хотелот „Инекс Горица“, а дури потоа следуваше и официјаланата средба. Синоќа, Субрата Рој беше на отворањето на Охридското културно лето на покана на претседателот Ѓорѓе Иванов. Денеска Рој ќе има завршни изјави со премиерот Никола Груевски. Инаку, изминативе три дена во Охрид можеа да се забележи и присурстно на министрите за транспорт и врски и земјоделство Миле Јанакиевски и Љупчо Димовски, директорот на ТИРЗ Виктор Мизо.
Г.М