Добивај вести на Viber
Владиката Тимотеј го нарече Субрата Рој - обичен мангуп. Владата пак се чини вложува многу надежи во индискиот бизнисмен кој беше најавуван како милијардер кој сака да инвестира стотици милиони евра во земјава.
Субрата Рој најави дека до година на пролет ќе почне да го гради туристичкиот комплекс во Љубаништа. Вака се договориле на состанокот менаџерите на индиската компанија „Сахара Индија Паривар“ и македонската владина делегација, на чело со министерот за финансии, Зоран Ставрески.
Покрај туризмот, Индијците посочија дека се подготвени да инвестираат и во македонското земјоделство, па најавија дека во агро-комбинатот „Џумајлија“ ќе прават на млечни производи и ќе ги извезуваат на Средниот Исток и во Јужна Африка. Така според планот, во земјава треба да влезе индиски капитал тежок милијарда евра.
Но, челникот на компанијата Субрата Рој во Индија властите го гонат за криминал, па во една прилика тој пред индиското регулаторно тело СЕБИ изјави дека не поседува повеќе од милион долари. Сепак, од Македонија Рој уверува дека информациите за финансиските проблеми се неточни, а компанијата тежи 22 милијарди евра.
И додека Владата со Субрата Рој кројат планови за монденското летувалиште, останува проблемот со земјиштето во Љубаништа. Дел од него од МПЦ тврдат дека е црковно, а владиката Тимотеј изјави дека црквата не планира продава или подарува земја.
„Немаме намера ниту да даваме, ниту да подаруваме земјиште, ниту, пак, некој прашал за земјиштето. Не може власта, односно Министерството за култура да дава нешто што не е нивно“, изјави владиката Тимотеј за „Нова“ и додаде „што се однесува до Субрата Рој, тој е обичен мангуп.