29 Април, 2024
0.0254

Субрата Рој повторно ги скара СДСМ и Министерството за земјоделство

Објавено во: Агробизнис 25 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

„На собраниска комисија за земјоделство се докажа нашето сомневање дека се работи за нереална и сомнителна инвестиција за која стравуваме дека ќе заврши како случајот Сведмилк. По тричасовна дебата останавме повторно без одговор од Владата како Субрата Рој доби 5.353 хектари земја во Овчеполието за концесија од 120 денари за декар?“, реагираа денеска од најголемата опозициска партија. Од СДСМ побараа Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да го раскине договорот со фирмата на Субрата Рој за агрокомбинатот и земјата на „Џумајлија“ да и се врати на државата. „Како е можно од 7 фирми кои учествувале на јавното наддавање, земјиштетото да го добие Субрата Рој со само 1.000 евра повисока цена од почетната. Колку наддавале останатите, 100 евра? И конечно, се сомневаме во реализирање на најавите дека ќе се направи фарма со 20.000 крави, ќе произведува 75.000 тони добиточна храна, ќе вработи 2.000 луѓе. Овие бројки и за оние што не се разбираат во земјоделство се нереални и тешко остварливи“, стои во писменото соопштение од СДСМ. На ова се огласи ресорното министерство од каде што бараат СДСМ наместо да се занимава со лиферување соопштенија за Договорот за закуп на земјоделско земјиште потребно е со своите пратеници кај себе и меѓу себе да ги расчисти дилемите и недоумиците кои тие ги имаат. Оттаму прашаат зошто вчера, на комисиската расправа во Собрание, пратениците на СДСМ не ги проблематизирале ваквите прашања. „Наместо да се говорат генерално можеа да постават конкретни прашања што им беше и понудено. За тоа за што поставија прашање, добија и одговор. Впрочем, свикувањето на седницата на Комисијата беше на нивна иницијатива. Покрај тоа што на комисиската седница дојдоа неподготвени пратениците не биле ниту внимателни. Затоа им е измешан и самиот број на фирми учеснички на Огласот“,  стои во реакцијата од Министерството. Од Министерството нагласуваат дека Договорот бил склучен согласно постапките уредени со одредбите од Законот за земјоделско земјиште според кој се додека се исполнуваатт обврските кои се превземени од страна на инвеститорите.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?