17 Декември, 2025
0.5052

Субрата Рој викенд во Охрид: со Владата љубов, со Црквата кавга, презир од бизнисмените, договор в џеб за кравите!

Објавено во: Економија 15 Јули, 2013 07:46

Добивај вести на Viber

Субрата Рој и неговите фамилија и менаџери се качија во авионите и си заминаа од Охрuд. Во Македонија останаа договорот кој властите во земјава го објавија за Џумајлија, најавите за инвестирање во охридско Љубаништа, понатаму за отворање на филмска продукција и секако забавата која ја организираше индискиот бизнисмен. Што се се случуваше викендов на тема Рој. Едно е јасно викендов беше во знакот на индискиот бизнисмен Субрата Рој. Тој долеата во придружба на 40 члена делегација, во која беа менаџери од областа на земјоделството, туризмот, филмската индустрија. Се почна со бомбастични најави за милионски инвестиции, продолжи со договор за Агрокомбинатот Џумајлија и секако заврши со забавата на која присустваше Есма Реџепова. Според тендерската документација која неодамна се подготвуваше за Џумајлија, Рој треба да инвестира над 200 милиони евра во следните три години, и има обврска да вработи 200 лица во првата година, а земјиштето му е дадено на стопанисување во следните 35 години. Освен 20.000 крави,  бизнисменот најави изградба на фабрика за добиточна храна и млекарница со голем капацитет, во која ќе се  произведува млеко наменето за извоз во регионот и во Европа. Договорот за 15 годишен закуп на земјоделско земјиште обелоденува дека Рој на државата ќе и плаќа годишно по 121 илјади евра. Во првите 18 месеци, е обврзан да вложи 60 милиони евра, за истиот период треба на откупеното земјиште да се најдата 8.000 грла од вкупно 20.000. Љубаништа ќе се гради во две фази и ќе биде луксузен објект  Субрата Рој опстојува на ставот дека ќе гради луксузен објект во Љубаништа и тоа во две фази, потврдува дека нема да биде нарушена еколошката состојба на езерото согласно прописите на УНЕСКО. Инаку, компанијата веќе побарала дополнителни 17 хектари земјиште во Љубаништа, за да имало доволно простор за луксузниот туристички комплекс кој сака да го гради. Владиката Тимотеј не му го дава земјиште на Субрата Рој Првиот човек на Oхридско-дебарската епархија, Митрополитот Тимотеј тврди – црквата нема да отстапи ниту педа од црковното земјиште во Љубаништа за да се реализираат плановите на Субрата Рој. „Не постои цена со која може да се плати црковниот имот“ - вели владиката Тимотеј во ексклузивно интервју за 24 Вести, кое ќе се емитува денес. Македонските бизнисмени посетата на индиецот ја третираат како парада Дел од домашните бизнисмени посетата на Субрата Рој ја коментираат како парада, наместо од неа реално да се очекуваат резултати. Првиот човек на Стопанската комора на северозападна Македонија во неделното интервју за Радио Слободна Европа потенираше. „Со оглед на тоа колку многу се преговара и се разговара за истото, повеќе личи на некој вид на парада, отколку на реално нешто што се очекува да се случи. Можеби треба да се зборува на помали димензии, на поскромни инвестиции, но реални, кои ќе се остварат многу лесно и многу бргу, затоа што на земјата навистина и треба нешто што е од вчера, а не од задутре“, изкави Кучи во неделното интервју. За Субрата Рој викендов се скараа и ВМРО ДПМНЕ и СДСМ Опозициската СДСМ се сомнева во малверзации во договорите кои владата ги прави со Субрата Рој, владејачката ВМРО ДПМНЕ пак обвинува дека СДСМ ги минира инвестициите во државата „СДСМ инсистира пред Владата да му подари на Субрата Рој плодна земја, да одговори на прашањата кои се парцелите кои ќе му бидат продадени, колку чини земјата која ќе ја продаде Владата и која цена ќе ја плати Субрата Рој, како и меѓу другото зошто не се почека да се расчистат обвинувањата за криминал во Индија“, изјави портпаролот на СДСМ Петре Шилегов. Од ВМРО ДПМНЕ ги обвинија СДСМ дека креваат паника и истакнаа дека кога СДСМ била на власт воопшто не носела странски инвестивии, нешто што според нив,  сегашната владина политика го прави. „Наше е да се бориме за инвестиции, а на крај одлуката е на инвеститорите. СДСМ со ваков однос само покажува дека продолжува со деструктивниот однос и празна критика кон што било“, стои во реакцијата ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата на власт, СДСМ има најмал кредибилитет да зборува за странски инвестиции. Боливуд во Скопје? Според најавите најдоцна до крајот на година бизнисменот Рој ќе инвестира во отворање на филмска продукција во Македонија, не е исклучена можноста и од ангажирање на домашни филмски работници.. За најголема инвестиција во Македонија досега индиецот го смета купувањето на хотелот „Славија“ во Охрид, а вкупните инвестиции во Македонија досега изнесуваат 10 милиони евра. Рој тврди дека во Македонија пронашол бизнис интерес за инвестирање, но вели дека вложувањата во една земја не се само парите, туку и емоцииите.  Сепак, Рој во интервјуто за 24 Вести ТВ тврди дека е милионер, а неговата компанија вреди милијарди. Забава во Охрид со боливудски ѕвезди и Есма Индискиот бизнисмен на плажата пред хотелот Славија - Сахара Глобал во саботата  организираше свечена вечера на која присуствуваше владина делегација предводена  од  премиерот Никола Груевски. Присутните се забавуваа со индиска музика со настап на позната боливудска актерка и пејачка, а забавата ја збогатила и македонската ѕвезда Есма Реџепова со охридска староградска песна. Претходно во петокот бизнисменот Рој, на покана на претседателот Ѓорѓе Иванов присуствуваше и на отворањето на Охридското културно лето. Обвинувањата за финансиски малверзации не се вистина? Субрата Рој од Охрид порача дека во Индија почнал процес на враќање на парите на инвеститори, за кој го товареше тамошниот Врховен суд, но негира дека неговата компанија е вклучена во незаконски дејства. Индискиот бизнисмен Субрата Рој, како што пишуваа  тамошните медиуми со одлуката на Врховниот суд на Индија заради измами и даночно затајување од 4,4 милијарди долари му го замрзна целиот имот и сметките на Рој, а подоцна распиша и потерница за негово апсење. Нешто подоцна во јавноста се појави веста дека индискиот регулатор на пазарот СЕБИ започнал со процесот на враќање на парите што компанијата на индискиот бизнисмен Субрата Рој ги должи на инвеститорите. Субрата Рој, иако беше претставен како милијардер и голем инвеститор, сепак на сослушувањето пред регулаторот на пазарот СЕБИ изјави дека неговиот вкупен имот што го поседува не е поскап од 1 милион долари. Вчера пак, за 24 вести рече дека имотот вреди околу 22 милијарди евра. Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар