СУБВЕНЦИИ: Колку од милионските најави за аграрот се исплатуваат?
Објавено во: Агробизнис 06 Октомври, 2014 08:33
Од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој велат дека исплатата на финансиската поддршка се извршува согласно утврдените критериуми, по проверка на истите. Од Агенцијата велат дека согласно законот исплатат на субвенциите се извршува во тековната година кога е поднесено барањето и продолжува следната година, односно субвенциите се исплаќаат во две буџетски години, а дека завршната сметка е за една календарска година.
Агроекономистите велат дека загрижуваат податоците од завршините сметки што во последниве четери години реализацијата на исплатата потфрлува за околу 30 отсто.Сметаат дека можеби земјоделците немаат капацитет да ги искористат субвенциите.
- Не е само 2013 година, јас имам анализа и за завршните сметки за претходните 4 години. Во сите 4 години се исплатени средства помалку од планираните во буџетот. Причината за тоа е што веројатно земјоделците не можат да ги исполнат условите и барањата за да ги искористат средствата. Можеби проблемот е во високите критериуми, неорганизираноста на земјоделците и малку пропагирање дека на земјоделците им се дава 100 милиони евра , а не се кажува дека тие искористиле 70 милиони евра. Од Агенцијата велат дека тие се исплаќаат во две години, но без разлика што е така, еве на пример завршна сметка за 2010 година, тие што останале од 2009 се исплатиле во 2010. Ако за една година ги пресметувате може да се каже дека се исплаќани во следната година. Ако за 4 години имате последувателно се помалку исплатени средства значи се очекува тие пари да се акумулирале за 4 години, треба да се направи посолидна стратегија за поддршка на земјоделството. Точно дека се исплаќаат за две години, ама тоа покажува дека помала сума се исплатени од планираните во таа година, вели агроекономистот Борис Анакиев.
Од невладината “Рурална коалиција” велат дека апсорпцијата на државната помош е мала поради неправилната распределба на субвенции, но и поради критериумите.
- Можеби причината зошто го немаме ефектот од субвенциите е неправилната распределба на субвенциите по гранки, оние кои даваат максимум, кои даваат голем обрт и опфаќаат поголем број на луѓе. Кога ќе ги погледнеме планираните пари, еве да ја земам следната година, од овие 140 милиони евра некаде 100 милиони евра се за директни плаќања, останатите се за рурален развој. Планираното во буџетот е различно од извештаите за реализација во завршните сметки. Според тие извештаи ќе видиеме дека годишно земјоделството се субвенционира, односно она што се исплаќа нешто повеќе од 70милиони евра, можеби се префрлуваат следната година, но континуитетот е 70 милиони евра, нешто помалку или повеќе. Оваа сума на субвенции е постигната уште во 2010 година, тогаш се исплатени. Кога ќе се навратиме да анализираме можеби и толкава и моќта на нашето земјоделство да апсорбира сума на пари во делот според овие критериуми како што се делат субвенциите. Завршната сметка не не изненадува бидејќи нашата апсропција со вакви критериуми не може да апсорбира толку пари. Во нашето истражување за 2012 година напрево според податоци од Агенцијата се исплатени помалку од 27 милиони евра. Ако се исплаќаат за две буџетки години, они податоците ги објавуваат на веб страната после исплатата дали ќе биде по недела или две, и тие податоци се преработени во нашиот извештај, и така ги добивме овие бројки дека се помалку исплатени . На веб страната не ги поврзуваат со годишниот буџет, оти ние земавме податоци исплатени во февруари, во март и лани. А завршната е правена во јуни, ако зборуваме дека до јуни се што е објавено е обработено, значи за 2012 година после две години , тогаш ние една буџетска година која ќе ја најавиме од 140 милиони евра колку години ја исплаќаме, вели Трајан Димковски од “Рурална коалиција”.
За земјоделската 2015-година, со буџетот за финансиска поддршка на земјоделството се планирани над 140 милиони евра. Услов за добивање субвенции за догодина ќе биде задолжително користење на сертифициран семенски и саден материјал, што ќе се воведува постепено преку поврзување со висината на субвенциите. Исто така земјоделците ќе мора да применуваат и добра земјоделска и хигиенска пракса.
Ј.С
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





