СУБВЕНЦИИ: Уставниот суд како спас за изневерените земјоделци!
Објавено во: Агробизнис 12 Мај, 2017
Денеска или в понеделник се очекува Уставниот суд да го објави и да го достави решението за времената мерка за спорните членови од Изборниот законик до Министерството за финансии. Од тоа кога ќе почне исплатата на субвенциите за земјоделците. Министерот за финансии Кирил Миноски изјави дека исплатата на субвенциите ќе почне кога Уставен ќе го објави и ќе го прати решението до Министерството за финансии. Миноски тврди дека Буџетот е во добра ликвидна состојба и пари има, но во моментов не сакал да лицитира со рокови за исплатата се додека не види што стои во решението на Уставениот суд.
„ Треба да ја видиме одлуката од Устваниот суд и кога таа ќе биде објавена, доколку не е спорна, во тој случај ќе се почне со исплатата. Не сакам да кажува точни рокови се додека не го видам решението и што има во него. Сеуште е на сила Изборниот законик и извештаите коишто согласно на законските прописи на членовите на Изборниот законик ги објавуваме редовно на веб страната на Министерството за финансии, од таму се гледаат сите податоци и јасно е дека постои ликвидност на Буџетот“, изјави Миноски.
И покрај решението од Устваниот суд со кое се деблокира исплатата на субвенциите, земјоделците стравуваат дека повторно ќе се тактизира со исплатата на субвенциите, не очекуваат дека брзо ќе ги добијат парите.
„ Ние сме сеуште песимисти и мислиме дека нема шанса во најбрз рок да бидат исплатени субвенциите, зошто не постојат финансиски средства за исплата на истите.Но повторно ќе апелирам исплатата да почне побрзо, оти ние земјоделците сме веќе финансиски истрошени. Нова сезона ја почнавме без пари, и прашање како ќе ја завршиме“, вели Ристо Велков, Сојуз на земјоделски синдикати.
Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Игор Златков, вели дека досегашните потпишани налози се во износ од над 50 милиони евра. Според досегашните изјави од надлежните, кога ќе почне исплатата прво треба да се ипслати оваа сума. Инаку вкупната сума која држвата им ја должи на земјоделците е во износ од околу 95 милиони евра, тука спаѓаат субвенциите за речиси цела 2016 година и дел за 2015 и 2014 година. Исплатата е блокирана седум месеци.
Уставен пресече-судиите со спротиставени ставови
На седницата пред два дена Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на дел од ставовите и алинеите од спорниот член 8а од Изборниот законик со кој се забранува исплата на субвенциите до формирање на Влада. Судот донесе времена мерка за запирање од извршување на овие законски одредби до донесување на конечна одлука. Штом се носи мерка за забрана за извршување на законските одредби, тоа значи дека забраната за исплата не важи и субвенциите можат да се исплаќаат. Конечната одлука треба се донесе најдоцна во рок од 30 дена, а во тој период Уставниот суд треба да собере одговори од належните институции и да одлучи дали ќе се поништата одредби или ќе се прекине постапката. Но на ваквото решение претходеше долга дискусија помеѓу уставните судии. Судијата известител Владимир Стојановски кој го образложи рефератот за иницијативата оспорување поднесена од здружението „Агротиквешија“, посочи дека очекувањето на земјоделците е легитимно.
„Легитимно е очекувањето на земјоделците оти инвестирале и очекуваат резултати. Субвенциие се категоризирани како вонредни исплати, што е недозволиво, се работи за едно несреќно техничко решение. Предлагам да се поведе постапка за оценување на уставноста“, вели Владимир Стојановски.
Судиката Наташа Габер, сметаше дека не случајно се ставени овие одредби во Изборниот законик, оти во минатото имало случаи на злоупотреба на исплатата на субвенциите во изборни циклуси.
„Ако сега поведеме постапка тогаш постои опасност исплатата на субвенциите да се злоупотреби за некои следни избори, и индиректно охрабруваме корупција. Не случајно се ставени овие одредби. За жал политичката блокада се прекрши врз земјоделците“, изјави Наташа Габер.
Изминатиов период имаше различни толкувања дали може да се оспоруваат членови од Изборниот законик, со оглед на тоа дека токму овие измени односно членот кои се спори, произлегуваат од договорот во Пржино меѓу политичките партии со посредство на меѓународната заедница.Сега по донесувањето на времената мерка од страна на Уставниот суд, толкувањата на дел од експертите се дека на овој начин се урива договореното во Прижино во тој дел од Изборниот законик.
Т.С
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.