05 Декември, 2025
0.1906

Субвенции: Рокот за поднесување на барање продолжен до 30 јуни

Објавено во: Агробизнис 08 Јуни, 2015 12:05

Добивај вести на Viber

До 30 овој месец се продолжува рокот за поднесување на барања  за директни плаќања за мерките по површина земјоделско земјиште и мерките по грло добиток.

Барањата за земјоделско земјиште се пополнуваат по електронски пат со податоци од Единствениот регистар на земјоделски стопанства со состојба на 31 мај 2015 година, додека Барањата за мерките по грло добиток се пополнуваат по електронски пат со податоци од Регистарот на домашни животни со состојба на денот на поднесување на барањето .

Барањата за произведено и продадено кравјо, овчо и козјо млеко во период од јануари до април 2015 година се поднесуваат до 15 јуни 2015 година.

Барањата се поднесуваат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е регистрирано земјоделското стопанство.

Со близу 102 милиони евра ќе се стимулира развојот на земјоделското производство оваа година. Вкупно со субвенциите наменети за руралниот развој, директната финансиска поддршка годинава за аграрот ќе изнесува 150 милиони евра. Според податоците од Програмата за Финансиска поддршка на земјоделство 2015 година објвена во Службен весник, најголем дел од субвенциите или 50.617.886 милион евра се наменети за растителното производство,  34.146.341 евра се предвидени за субвенционирање на сточарството, над 302 илјади евра изнесуваат субвенциите за премии и осигурување.

Со Програмата за финансиска поддршка на земјоделство за 2015 година, се предвидени 13.821.138 евра за исплата на субвенции од претходните години. Остатокот од парите се предвидени за субвенции за заштита на земјоделско земјиште, помош заодделни категории на земјоделци, помош во сточарскиот сектор и за материјални трошоци за спроведување на Програмата. Критериумите за добивање субвенции остануваат исти како и минатата година, односно висината на поддршката се намалува со зголемување на пријавените површини или грла добиток.

Ако се направи споредба со минатата година,оваа година има намалување на субвенциите за растителното производство. Така лани тие изнесувале 51.333.012 евра, а годинава се намалени за околу 715 илјади евра. Од друга страна кај директните плаќања за сточарство има пораст на субвенциите за околу 1,6 милиони евра.

Според анализите на дел од експертите, се забележува намалување на сумата за субвенции во растителното и сточарското производство за оваа година споредено со 2012-та година.

Можеме да направиме споредба за мерката директни плаќања за растително производство кои во 2012 година биле 56.788.617, а ова 2015 година се планирани 50.617.886 или имаме намалување за нешто повеќе од 6,1 милион евра.За мерката директни плаќања за сточарско производство во 2012 година биле планирани 37.991.869 евра, а за 2015 година за истата мерка се планирани 34.146.341 евра или имаме намалување за нешто повеќе од 3,8 милиони евра. Ако ја собереме разликата за овие две мерки ќе видиме дека 9,9 милиони евра помалку се планирани за 2015 година во споредба со 2012 година вкупно само за овие две мерки. Намалувањето на директните плакања за мерките 1 и 2 за растително и сточарско производство од бизу 10 милиони евра за само 3 години ни го дава вистинскиот показател зошто во Македонија се намалува бројот на добиток, зошто се намалуваат обработливите површини, зошто се намалува севкупното земјоделско производство скоро во сите гранки.

Во прилог на ова оди фактот дека во 2012 година за субвенции аплицирале околу 90 000 земјоделци, а за 2014 година аплицирале 73 000 земјоделци. За 2015 година со дополнителните измени во Законот за земјоделство и рурален развој бројката на земјоделци што ќе аплицираат може да падне под 70 000 земјоделци, што би било само една третина од вкупните земјоделски стопанства што се изјасниле според последниот земјоделски попис. Една третина е веќе црвен сигнал за Владата да планира и превзема нешто во менување во пристапот за исплата на субвенциите, вели Трајан Димковски од Руралната Коалиција.

Дел од земјоделците сметаат дека иако сумата за субвенции ќе го поттикне развојот на земјоделството, сепак климатските промени година ќе бидат главна пречка за аграрот.

Дали субвенциите ќе го дадат очекуваниот ефект?

Агроекспертите сметаат дека освен висината парите што се одвојуваат за финансиска поддршка на земјоделството, многу поважно е пред да се планираат парите да се напарават анализи каква била реализацијата на исплатата на субвенциите во претходните години.Според дел од експертите државата треба да се насочи кон субвенционирање на секторите од кои се произведува храна, бидејќи увозот на храна постојано расте.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?