Субвенциите за овчарството да се исплаќаат во август и септември
Објавено во: Агробизнис 15 Ноември, 2012
Распределбата на земјоделските субвенции да продолжи зашто дава конкретни резултати. Сепак покрај ваквиот тип поддршка, оваа Влада изминативе години го намали и данокот на додадена вредност од 18 на пет отсто, обезбеди поволни аграрни кредити со два до три отсто камата, го укина данокот за вршење земјоделска дејност на име катастарки приход, го намали персоналниот данок, а се укинуваат и даноците на имот, на трактори, кокошарници, штали, беше речено на денешното второ продолжение на седницата на Надзорната комисија за земјоделство во Собранието.
- Ако овие пари што остануваат кај земјоделците се додадат на сегашните субвенции, ќе има многу голема поддршка за нашиот сектор, рече престедателот на Сојузот на земјоделците Вељо Тантаров, кој во улога на сведок одговораше на прашања од членовите на Комисијата.
Претходно, Меџит Амити, претседател на Здружението на одгледувачи на овци, во обраќањето, исто така како сведок, апелираше субвенциите за овчарството да се исплаќаат во август и септември.
- Евидентни се резултатите од субвенциите за овчарството, но треба да се даваат во август и септември. Само така сточарите ќе можат навреме да купат добиточна храна и да ги намалат производните трошоци, рече Амити.
Според него, за да има ефект, поддршката мора да се рапределува на вистинското место и во вистинското време.
- Владата треба да ги дава субвенциите на време, да купиме храна за добитокот зашто со продажба на овците ги исплаќаме работниците, а со продажба на сирењето ја купуваме храната за добитокот. Притоа, имаме и други трошоци кои треба да ги подмириме, нагласи Амити.
Ристо Велков, претседател на Сојузот на синдикати на земјоделските производители изнесе поинаков став. Субвенционирањето, рече, нема развојна компонента. Од 180 илјади регистрирани земјоделци поддршка добиваат 110 илјади. Притоа не е соодветен начинот на распределба и на исплата.
- Ние ги прифативме субвенциите, но начинот и постапките на нивно доделување не соодветствуваат на потребите. Нема ништо стимулативно во исплатата ако земјоделецот ги добие парите во лето догодина, истакна Велков.
На седницата сведочеше и Благоја Дунимаглоски, државен инспектор за земјоделство од Прилеп. Нему неколку прашања му упати пратеникот Горан Сугаревски од СДСМ, за незаконски користење површини од страна на Тутунскиот комбинат Прилеп, за неправилна распределба на субвенции укрњедни 1.400 евидентни листови од Подрачната единица на Министерството.
Расправата на Надзорната комисија беше прекината половина час откако пауза побара пратеникот од ДУИ Реџаил Исмаили поради, како што рече, несоодветното однесување на претседателката на Комисијата, Ленче Николовска.
Неговата забелешка беше дека Николовска тенденциозно им поставува хипотетички прашања на сведоците со што ја наведува дискусијата во сосема поинаков правец наместо да се држи до утврдениот дневен ред. Комисијата почна со работа на 4. септември годинава. Првото продолжение на седницата се одржа на 20. истиот месец.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.