Добивај вести на Viber
Владината проекција за субвенционирање на млекото по квалитет дефинирана во новата, петгодишна програма за поддршка на земјоделството и руралниот развој наиде на позитивни коментари од Стопанската комора на Македонија.
Со ваквото решение што Комората го сугерираше подолго време, како што беше речено денеска на прес-конференција, ќе се зголемат производството и квалитетот, а фармерите ќе бидат стимулирани да ги достигнат ЕУ стандардите.
Сепак остануваат нерешени досегашните основни проблеми во секторот, неможноста од обезбедување евтина добиточна храна, современи услови на одгледување стока и подобрување на расниот состав.
- Нашите повеќегодишни барања се прифатени. Сметаме дека ќе дадат конкретни резултати. Млекопроизводството би се вратило на ниво од периодот 2004/2005 година кога продукцијата и откупот беа значително повисоки што, пак, ќе овозможи поголема конкурентност не само во соседството, туку и на европскиот пазар, истакна Васко Ристовски од Стопанската комора.
Поддршката на млекото годинава и следната 2013 изнесува 3,5 денари за литар предаден во преработувачки капацитети, но во наредните години, до 2017-та, согласно измените, субвенционирањето ќе биде по квалитет, 4 денари за екстра класа, 3,5 за прва и 2,5 денари за втора класа во 2014 година, 4 денари за екстра класа, 3,5 за прва и два денара за втора класа во 2015, како и 4 денари за екстра, три за прва и 1,5 за втора класа во 2016 и 2017 година.
Според анализите на Стопанската комора, Македонија и натаму е нето увозник на млеко и млечни производи, главно од Словенија, Германија, Хрватска, Србија, Црна Гора, БиХ, Чешка, Бугарија, Грција, Франција,… Голема е разликата меѓу увозот и извозот, 37.000 тони наспроти 11.000 тони, а евидентиран е и тренд на опаѓање на вкупното млекопроизводство. Само еден процент од фармите имаат повеќе од 50 грла и може да бидат носители на производството на квалитетен генетски материјал за останатите капацитети.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: