16 Декември, 2025
0.1125

СУДБИНА: Австралиско семејство два пати погодено од несреќите на „Малезија Ерлајнс“

Објавено во: Свет 18 Јули, 2014 14:32

Добивај вести на Viber

Семејствата и блиските на 298 патници и членови на екипажот на малезискиот авион кој беше соборен вчера над источна Украина се уште се обидуваат да се помират со веста за трагедијата. Но, за едно семејство од Австралија веста е особено трагична и претставува втора огромна загуба за неколку месеци и тоа токму со авионите на „Малезија Ерлајнс“. Кајлин Ман од Квинсленд во малезискиот Боинг 777-200, на летот МХ17 кој беше соборен вчера ја загуби својата поќерка Мари Рицк и нејзиниот сопруг Алберт, кои се враќале од одмор во Европа. Само пред неколку месеци, во исчезнатиот малезиски авион МХ370  таа ги загуби братот Род Буроус и снаата Мери. „Тоа уште еднаш ги врати сите работи назад. Едноставно повторно не распарчи!“, рекол братот на Ман, Грег Буроус. Најголем број од загинатите патници во малезискиот авион се Холанѓани , но има и Австралијци, Малезијци (вклучувајќи 15 членови на екипажот), Индонезијци, Британци, Германци, Белгијци, државјани на Филипини и на Канада. Националноста на уште 40-тина патници не е потврдена, затоа што најголемиот дел од нив се качиле на авионот без да поминат пасошка контрола во Амстердам. Еве како изгледа небото на Украина денеска, ден по несреќата, откако речиси сите авиокмпании одлучија да го избегнуваат украинскиот воздушерн простор:  

Можеби ќе ве интересира

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“