19 Мај, 2024
0.0278

Судбоносна недела за Грција

Објавено во: Балкан, Економија 01 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Оваа недела ќе биде судбоносна за Грција, бидејќи владата ќе мора конечно да се произнесе дали ќе пристапи кон договор со кредиторите, правејќи болни компромиси, или ќе престане со плаќањата кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Парите за првата транша, од Атина, во износ од 297 милиони евра и за останатите три транши во јуни со вкупна вредност од 1,3 милијарди евра би можеле да бидат пронајдени. Ова би можело да се направи со пренос на средства во државната каса од државните институции, но во парктика пак не остануваат средства за плати и пензии, пишуваат грчките медиуми.

Владини претставници во Атина велат дека владата ќе се издолжи кон Фондот, ако биде постигнат договор со доверителите до 5 јуни. До моментов, сепак и покрај оптимизмот и председателските позитивни сигнали од Атина разликите меѓу земјите во преговорите се определуваат како големи.

Кредиторите претставиле текст на договор, чекаат одговор.

Грчки извори тврдат дека во процесот на подготовка се текстови за договор со кредиторите. Весникот „Имерисија“ тврди дека Европската комисија испратила текст на договор во кој кредиторите сакале од Владата во Атина да преземе обврски за мерки за штедење во износ од 3,5 милијарди евра оваа година. Парите требало да бидат собрани од даноци и други кратенки поврзани со пазарот на труд.

Агенција „Блумберг“ тврди дека кредиторите ќе претстават текст за договор, за да се обидат да стават крај на ќор-сокакот на досегашните преговори. Неименуван извор изјавил за американската агенција дека кредиторите разговарале за договор. Истиот извор изразил мислење дека европските политичари сакале да се запознаат грчкиот премиер Алексис Ципрас со позицијата на институциите.

Предметните извори продолжувале да сметаат дека е премногу можно уште оваа недела да биде свикана вонредна средба на Еврогрупата, која ќе го одобри финансирањето на Грција.

Вонреден разговор Меркел-Оланд-Ципрас

Во неделата вечерта се одржа уште една телеконференција на грчкиот премиер Алексис Ципрас со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд, соопштуваат грчките медиуми. Тие забележуваат дека разговорот течел во добра атмосфера и дека тројцата лидери едногласно изразиле мислење дека одлуката на грчкиот должнички проблем треба брзо да се најде. Ова е втора телеконферентна врска меѓу тројцата лидери - претходната се одржа минатата недела.

Денес германската канцеларка ќе има средба во Берлин со францускиот претседател и со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, која во меѓувреме уверила дека грчкиот проблем, макар да не е на агендата, ќе биде разгледан на средбата.

Европа се наоѓа на крстопат и одлуката на грчкиот проблем е во рацете не на институциите, а не на шефовите на Европа, пишува во статија во францускиот весник „Монд“ за грчкиот премиер Алексис Ципрас, истакнувајќи дека одлуката треба да е политичка. Проблемот не влијае само на Грција, во него е фокусиран судирот на двете дијаметрално спротивни стратегии за иднината на европската интеграција, посочува премиерот Ципрас за весникот „Монд“.

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјавил дека излезот на Грција од еврозоната може да ја разниша довербата во заедничката европска валута. „Не го делам тврдењето дека ќе имаме помалку грижи и ограничувања, ако Грција се откаже од еврото“, посочува Јункер во интервју за германскиот „Зидојче цајтунг“.

Шефот на Европската комисија исто така, изразил мислење дека повлекувањето на која и да е земја од еврозоната ќе создаде впечаток дека со еврото не е нешто неотповикливо. Тоа може да предизвика меѓународните инвеститори да се повлечат од Европа, предупредил Јункер. Тој дал пример за јапонскиот премиер, кој му рекол при посета на Токио дека јапонските инвестиции во Европа зависат од довербата кон еврото.

„Без или со договор Грција е во процес на колапс“, пишува британскиот „Гардијан“. Ако се постигне договор со Грција, земјата ќе се соочи со уште еден период на строги структурни реформи и кратење на трошоците, за да бидат задоволни барањата на т.н. Бриселска група која не сака „да фрли на ветрот“ пари. Има и некоја мала надеж за реструктуирање на грчкиот долг, што премиерот и министерот за финансии топло сакаат да е дел од пакетот, според британскиот весник.

Бундесбанк: „Грција треба да дејствува брзо“

Грчките банки се наоѓаат на границата на можностите и владата во Атина треба да дејствува брзо на преговорите со кредиторите. Тоа го препорачува Андреас Домбрет, член на одборот на директори на Бундесбан, цитиран од грчкиот весник „Етнос“. Во интервју за германскиот весник „Билд“ Домбрет истакнува дека топката е во полето на политичарите и дека ниту Европската централна банка, ниту банкарскиот регулатор не може да одлучат за структурните проблеми на грчката економија.

Претставникот на Бундесбанк оценува дека ситуацијата во Грција е критична, но додава дека ризикот од тоа за европските банки е релативно мал.

Германските банки поседуваат изложености во износ од 2,4 милијарди евра во Грција, што значи дека ризикот е потфатлив. Работите сепак би можеле да здобијат и друг, поинаков тек од оној кој го очекуваме истакнува Андреас Домбрет.

Ако има „Grekexit“ Грците ќе загубат до 30% од куповната способност

Ако Грција ја напушти еврозоната, Грците ќе загубат до 30 отсто од куповната способност поради девалвација на новата валута и сите нивни жртви за реструктуирање на економијата ќе се залудни. Тоа го предупредува шефот на групата на либералите во Европскиот парламент Ги Верхофстад. Во интервју за „БиБиСи“ Верхофстад истакнува дека останал со впечаток дека ќе има договор меѓу Грција и нејзините кредитори, бидејќи тие сакале земјата да остане во еврозоната, но да изврши структурни реформи, кои Атина не сака да реализира.

Верхофстад ја критикувал грчката влада, велејќи дека единствените реформи кои ги сакале за да им помогне, се поврзани со оданочувањето. Тој ја обвинува исто така Атина и кредиторите за непроѕирноста на преговорите, бидејќи Европскиот парламент не бил информиран.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот