20 Декември, 2025
0.0915

Судењето за „Тврдина“ започнува - седум лица се осомничени

Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2016 09:43

Добивај вести на Viber

Рочиштето за предметот од случајот „Тврдина“е закажано за денеска. 

Специјалното јавно обвинителство во случајот сомничи седум лица за кривичното дело фалсификување на службена исправа и уништување на документација од Управата на безбедност и контраразузнавање.

„Судечкиот судија кај кого беше распореден обвинителниот предлог на Обвинителството за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) против седум лица осомничени за кривичното дело „Фалсификување на службена исправа…, по добивање на предлогот, оформи предмет и закажа рочиште за 28.11.2016 година во 11:30 часот за кога се испратени покани до странките во постапката заедно со примерок од обвинителниот предлог“- информираше Киривчниот суд на почетокот од месецов.

Во случајот осомничени се седум припадници на Управата за безбедност и контраразузнавање, меѓу кои и Горан Грујовски, поранешен началник на петтата управа на тајната полиција.

СЈО поднесе и барање за изземање на надлежниот судија, која во јавноста стана позната од нелегално прислушуваните разговори како „сваровски судија“, но тоа беше одбиено од претседателот на судот, а подоцна и од Апелација.

Уништените документи требаше на СЈО да му помогнат да утврди кој прислушувал и на кој начин го правел тоа.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки