Судијата Савески: На Јасна Мандиќ и одредив куќен притвор поради семејната и материјалната состојба
Објавено во: Македонија 11 Декември, 2020
Судијата по претходна постапка Ненад Савески за МИА изјави дека наместо притвор по барањето на Обвинителството, одредил само куќен притвор за поранешната заменик-претседателка на „Меѓународен сојуз“, Јасна Мандиќ, поради како што вели тој, нејзината материјална и семејна состојба.
Обвинетата Мандиќ, инаку поранешна соработничка на Бојан Јовановски, на вчерашното рочиште тврдеше дека советникот на Зоран Заев, Зоран Башановиќ, ургирал кај премиерот таа да не оди во притвор како осомничена во случајот, покажувајќи електронска порака.
Савески дека дека никој не му влијаел околу одлуката за притворот на Јасна Мандиќ, обвинета во предметот „Меѓународен сојуз“, коментирајќи ја наводната комуникација меѓу премиерот Зоран Заев и Зоран Башановиќ и наводните влијанија врз него.
– Ви тврдам со мојот личен и професионален интегритет дека ниту во овој предмет ниту во кој било друг, ниту некој ми се јавил, ниту некој на каков било начин ми се обратил да побара да влијае да јас донесам одлука за конкретен предмет. Во овој предмет такво нешто немало. Ова е сериозен напад на мојот углед како судија кој го градам од 2009 година во правосудството, истакна Савески за МИА.
Тој е согласен да се даде на вештачење на неговиот телефон и го повикува Судскиот совет да изврши контрола врз тој предмет за да се утврди како ја донел одлуката.
- Во предметот од страна на Обвинителството за организиран криминал и корупција имаше предлог одредување мерка притвор, јас го одбив таквиот предлог и определив куќен притвор и тука се јави моето чуство на непријатност. Одлуката за куќен притвор јас ја донесов, меѓутоа таа одлука е донесена врз основа на докази и околности врзани со личните и семејни материјални прилики кај обвинетата за кои одбраната мене ми достави материјални докази и во случајов применет е комплетно законот за КП како и меѓународните стандарди кои произлегуваат од Конвенцијата за заштита на човековите права и слободи, конкретно член 5 и 6 од Конвенцијата, вели Савески.
Обвинителството вчера ја читаше вибер-комуникација од телефонот на Мандиќ, а за една од пораките рече дека е препратена комуникација од премиерот Заев и од поранешниот негов советник Башановиќ.
Башановиќ му рекол на Заев „да види ако може Јасна да не оди во притвор“, на што премиерот наводно му одговара на тоа со зборовите „Знаеш дека тоа зависи од обвинителството и од судот. Ќе видам што можам да направам”.
За разлика од првообвинетиот во „Меѓународен сојуз” Бојан Јовановски-Боки 13, Мандиќ доби куќен притвор. Истовремено обвинителката Вилма Русковска рече дека ваквата мерка за Мандиќ се должи поради тоа дека има дете со здравствени проблеми.
За случајот „Меѓународниот сојуз“ за измама на бизнисмени за наводни центри за возрасни лица, обвинети покрај Мандиќ и Боки 13, се уште и Фросина Ременски, Миле Јовановски
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.