Судијката од „бомбите“ сепак нема да биде изземена
Објавено во: Македонија 28 Септември, 2016 14:57
Од Основниот суд Скопје 1 соопштија дека е одбиено барањето на Специјалното јавно обвинителство за изземање на судијката Лидија Петровска, која е назначена да постапува по обвинение на СЈО.
Таа треба да суди по првото обвинение на СЈО, во кое кривично се гонат седуммина вработени во УБК на чело со поранешниот началник на Петтата управа на УБК, Горан Грујовски.
„Претседателот на Основен суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое барањето се одбива поради тоа што не се основани причините за изземање на судијата кои СЈО ги навело во своето барање“ - стои во соопштението.
СЈО го поднесе ова барање откако Петровска ги врати доказите за обвинението затоа што немале доставено акт за декласификација на документацијата.
СЈО поднесе барање за изземање на судија, затоа што постојат околности кои предизвикуваат сомневање во нејзината непристрасност во донесување на одлука, од причини што истата судијка се јавува во содржината на јавно објавените незаконски прислушувани разговори.
Петровска беше спомената во „бомбите“ што ги објави опозицијата, од нејзината колешка Софија Лаличиќ, која на тогашниот директор на УБК, Сашо Мијалков му објаснува како Петровска и подарувала накит „сваровски“ на претседателката на Кривичниот суд, Лидија Неделкова.
Можеби ќе ве интересира
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска




