Судирот на најмоќните луѓе на „VW“ ја запрепасти јавноста
Објавено во: Мои пари 13 Април, 2015 19:28
Прашањето на новиот челник на Volkswagen (VW) доведе до ескалација на судирите помеѓу двајцата најмоќни луѓе во тој најголем европски произведувач на автомобили.
Невообичаениот јавен судир за компанијата VW избил откако претседателот на компанијата, Ferdinand Piëch, во германските медиуми јавно се дистанцирал од извршниот директор Martin Winterkorn. Piëch е еден од татковците на компанијата од Волфсбург, во нејзиниот врв е веќе 22 години, од кои девет како главен извршен директор. Договорот на Winterkorn истекува кон крајот на следната година, а јавно дал до знаење дека се гледа на местото на Piëch кога овој одлучи да се повлече.
Меѓутоа, според мислењето на аналитичарите, јавно искажаниот став на Piëch значи дека Winterkorn бара нова работа во некоја друга компанија.
Меѓутоа, според пишувањето на „Frankfurter Allgemeine Zeitung“ во саботата, Winterkorn нема да дозволи да се маргинализира и веќе бара моќни сојузници, тврди тој медиум повикувајќи се на упатени извори. Во секој случај „дворските борби“ немалку ги изненадила германската бизнис јавност бидејќи Winterkorn важел за човек од голема доверба за Piëch и му бил еден од најблиските соработници веќе со години. Така Stephan Weil, премиерот на покраината „Donja Saska“ која држи петтина од акциите на VW, за агенцијата ДПА рекол дека „незгодно е изненаден од цитираните изјави на професорот Piëch“.
„Сметам дека јавна полемика за врвот на компанијата ќе биде штетна“, додаол Weil кој воедно е и член на Надзорниот одбор. Компанијата ги одбила коментарите на медиумите на Piëch, како и тоа да потврди дали прецизно е пренесена. До појаснување не можело да се дојде ниту во официјалната канцеларија на Piëch. Winterkorn е извршен директор од 2007 година. Под негова палка VW минатата година продаде рекордни 10,1 милиони возила.
Не е прв пат
Традиција на јавни пресметки
Ова не е прв пат претседателот Ferdinand Piëch да ги руши внатрешните директори на Volkswagen групата. Така во 2006 година во интервју за Wall Street Journal го довел во прашање продолжението на мандатот на тогашниот шеф на VW, Bernd Pischetsrieder. Тој во ноември таа година поднесе оставка, а го наследил Martin Winterkorn. Челникот на Порше Wendelin Wiedeking се најде на мета во 2009 година. И Winterkorn набрзо поднел оставка
Можеби ќе ве интересира
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“
Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници
Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!




