06 Октомври, 2024
0.0254

Судот му забрани на „Скопски пазар“ да купува сопствени акции

Објавено во: Економија 23 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Индикатор дека има бранувања во акционерската структура е тоа што истовремено односно во ист ден со објавата на забраната некој акционер плати 100.000 евра и купи 1,28 отсто од акциите со право на глас во таа компанија. Тоа значи дека некој заинтересиран нов или постоечки акционер го зајакнува своето влијание. Дали некој подготвува преварт или некој се плаши од преврат? „Скопски пазар“ доби времена мерка со која му се забранува да купува сопствени акции на Македонската берза, соопшти таа компанија. Имено, забраната за купување е од времен карактер и е издадена од скопскиот Основен суд 2. Станува збор за спор во кој тужител е прилепската компанија „Современ дом“, а која побара и добила времена мерка со која на „Скопски пазар“ му се забранува да купува сопствени акции. Таа времена мерка ќе биде на сила се до правосилна пресуда во овој спор. Повеќе детали за судскиот спор засега нема и „Скопски пазар“ досега иако котира на берзата не објавил ценовно чувствителна информација во која соопштил дека е тужена страна,а дека тужителот барал да се достави времена забрана да купува сопствени акции. Многу е симптоматично тоа што истовремено со објавата на оваа ценовно чувствителна информација денеска во блок трансакција беа истргувани 1,13 отсто од акциите со право на глас. Односно во една блок трансакција некој купувач плати 100.000 евра за 808 акции со право на глас. Реално тоа се 1,28 отсто од акциите со право на глас во таа голема скопска трговска компанија која ги поседува сите зелени и отворени пазари во Скопје, а поседува и мрежа од големи супермаркети и трговски центар. Во акционерската структура „Скопски пазар“ има 70.937 акции со право на глас и 14.629 приоритетни акции кои носат право на дивиденда, но немаат право на глас. Од акциите со рпаво на глас во сопствен откуп на „Скопски пазар“ се вкупно 7.971 акција кои со тоа го губат правото на глас, што значи дека одлуките на собрание на акционери се носат со мнозинство од вкупно 62.966 обични акции. Најголеми поединечни акционери во таа голема трговска компанија се Сашо Давитковски со 11,87 отсто од обичните акции и неговата мајка Тодорка Давитковска која поседува 11,36 отсто од акциите со право на глас. Само за потсетување, како што веќе пишувавме, во „Скопски пазар“ се случуваа турбуленции кога група мали акционери побара на акционерско собрание да се стави точка за отчет на менаџерите, но по тоа не излезе информација за тоа дали одлуката била разгледувана или воопшто не била ставена на гласање. Воедно во април „Скопски пазар“ беше актуелен и по тоа што најави дека има купувач на малцински пакет негови акции за кои извесна скопска фирма „Масон инженеринг“ би платила три пол пати повеќе пари за акции од цената што за нив би ја платила на берзата. Досега нема објава за тоа дали „Скопски пазар“ покрена постапка пред КХВ за приватна понуда за познат купувач т.е. за „Масон Инженеринг“. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип