Судот не ги прифати „бомбите“ за докази, жестоко рочиште за насилствата пред општина Центар
Објавено во: Македонија 16 Декември, 2016 15:46
Првото рочиште за предметот насилство пред општина Центар заврши со заклучок на судот дека „бомбите“ односно телефонските прислушкувани разговори не се прифаќаат како докази обезбедени од СЈО. Во овој случај осомничени се Никола Груевски, Миле Јанакиевски, Даниела Рангелова и други членови на ВМРО-ДПМНЕ.
Расправата беше доста жестока откако судијката Михајлова ја опомена обвинителката Фатиме Фетаи за терминологијата на осомничени и обвинитети. Фетаи возврати дека таа си ги брани своите права, и дека очекувала главна расправа како што стоело во судската покана, а не дека ќе се одржи прелиминарно рочиште за техничко оценување на доказите.
По предлог на одбраната исто така беше одбиен загрозениот сведок под изговор дека вакво сведочење не може да се прифати во овој предмет. Судијката Татјана Михајлова рече дека предлогот на СЈО за испитување на загрозениот сведок како доказ во постапката е спротивен на Законот за заштитени сведоци. Според одредбите во овој закон, рече судијката, заштитен сведок се испитува доколку се суди за кривични дела против државата, дела од областа на организираниот криминал, дела против човечноста и меѓународното право и за кривични дела за кои е предвидена затворска казна од најмалку 4 години.
Што се однесува до останатите докази што ги предложи СЈО, како што се записници од седници на советот на Општина Центар, записници од МВР, фотографии и други сведоци, судијката рече дека ќе се произнесе во текот на постапката.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




