18 Декември, 2025
0.2619

СУДОТ ВО ЕВРОПСКА ЗЕМЈА ОДЛУЧИ: Кражбата на храна од глад не е кривично дело

Објавено во: Свет 21 Септември, 2025 18:59

Добивај вести на Viber

Кражбата на храна од глад не е кривично дело во Италија. 

Највисокиот суд во Италија донесе историска пресуда, со која кражбата на мала количина храна направена поради глад, не се смета за кривично дело.

Случајот започна во 2015 година кога Роман Остријаков, бездомник од Украина, беше фатен во супермаркет во Џенова со храна вредна 4,07 евра, која ја сокрил под јакната откако платил само за грисини. Првично, тој беше осуден на шест месеци затвор и казна од 100 евра.

Сепак, Касациониот суд ја поништи пресудата, образложувајќи дека кражбата е извршена во „состојба на нужда“. Судот нагласи дека Остријаков бил соочен со „непосредна и суштинска потреба за храна“ и дека никој не смее да гладува. Правото на опстанок мора да има предност пред правото на сопственост, стои во одлуката.

Пресудата ја доби поддршката на јавноста и беше оценета како „историска“ и „праведна“, поставувајќи морален стандард кој ја нагласува важноста на човечноста пред буквалното применување на законот.

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина