06 Јули, 2024
0.0345

Судот во Стразбур ја прифати четвртата апликација од сопственикот на „НОЕЛ“ за предметот на СЈО „Поштенска банка‘‘

Објавено во: Македонија 07 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Четвртата апликација поднесена од Томе Главчев, сопственикот на „НОЕЛ“ Гевгелија, во врска со предметот „Поштенска банка“, пред Европскиот суд за човекови права, исто како и претходните три, е прифатена, односно успешно ја помина првата прелиминарна фаза на испитување на допуштеност, соопштува адвокатот Петре Јанура.


„Предметот е регистриран и проследен на понатамошно постапување. Претходните три апликации беа поднесени во врска со постапувањата на СЈО, додека пак четвртата апликација го вклучува периодот кога предметот ‘Поштенска банка’ беше преземен од СЈО, откога беше притворена специјалната обвинителка Катица Јанева. Направени се цел сублимат на повреди на човековите права во рамките на целата истражна постапка. Она што е значајно да се наведе е дека за истите главни дејствија за кои се товари мојот клиент во минатото биле поднесени кривични пријави од страна на Народната банка на Р Македонија и од СВР Одделение за економски криминал, при што од страна на Основното јавно обвинителство уште во 2005 година со решение кривичните пријави се отфрлени бидејќи пријавеното дело не е кривично дело кое се гони по службена должност и е утврдено дека со преземените дејствија не се оштетени други доверители. Согласно тогашниот Закон за кривичната постапка, што важеше во 2005 година, за подносителите на кривичната пријава, односно Народната банка, постоеше можност да се продолжи гонењето како супсидијарен тужител. Такво нешто не било направено, што значи дека одлуката за отфрлање на кривичните пријави е конечна и правосилна. Она што е особено важно е дека ниедна од повисоките инстанци никогаш нема утврдено неправилности во одлуката на Обвинителството за отфрлање на кривичните пријави, вели Јанура.


Можеби ќе ве интересира

УБИСТВО ВО ТЕТОВО: Продолжение на неодамнешното пукање кај тетовската болница?

УБИСТВО ВО ТЕТОВО: Продолжение на неодамнешното пукање кај тетовската болница?

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски за Судскиот совет вели дека нема повеќе удобни фотелји, туку одговорност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски за Судскиот совет вели дека нема повеќе удобни фотелји, туку одговорност

ГИР ЗА КОМЕНТАРОТ НА МИЦКОСКИ: Владеењето на правото е клучно за влез во Европската Унија

ГИР ЗА КОМЕНТАРОТ НА МИЦКОСКИ: Владеењето на правото е клучно за влез во Европската Унија

БАГЕРИСТ ОШТЕТИЛ КАБЕЛ: Касарната во Тетово останала без струја и вода

БАГЕРИСТ ОШТЕТИЛ КАБЕЛ: Касарната во Тетово останала без струја и вода

ДВАЈЦА НОВИ ПРАТЕНИЦИ: Доаѓаат на местото на директорите Синиша Стојаноски и Бобан Николовски

ДВАЈЦА НОВИ ПРАТЕНИЦИ: Доаѓаат на местото на директорите Синиша Стојаноски и Бобан Николовски

ВО УЧИЛИШТАТА ВО ВЕЛЕС ЌЕ СЕ ИНТОНИРА МАКЕДОНСКАТА ХИМНА: Aрбр Адеми од ДУИ реагира на социјалните мрежи

ВО УЧИЛИШТАТА ВО ВЕЛЕС ЌЕ СЕ ИНТОНИРА МАКЕДОНСКАТА ХИМНА: Aрбр Адеми од ДУИ реагира на социјалните мрежи

ПРОГЛАС ЗА СЕМАКЕДОНСКО ОБЕДИНУВАЊЕ: Албанската влада да ги заштити македонските права и слободи

ПРОГЛАС ЗА СЕМАКЕДОНСКО ОБЕДИНУВАЊЕ: Албанската влада да ги заштити македонските права и слободи

НАСТАНОТ Е ПРИЈАВЕН ВО ПОЛИЦИЈА: Во Струмица имало oбид за киднапирање на тригодишно дете

НАСТАНОТ Е ПРИЈАВЕН ВО ПОЛИЦИЈА: Во Струмица имало oбид за киднапирање на тригодишно дете

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Никаде во Договорот со Бугарија не пишува дека мораме да го менуваме Уставот

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Никаде во Договорот со Бугарија не пишува дека мораме да го менуваме Уставот