Судот забрани „Макпетрол“ да му префрли имот вреден 15 милиони евра на „ОИЛКО“
Објавено во: Економија 19 Јули, 2013 14:41
Cе запира постапката во која „Макпетрол“ требаше да продаде имот вреден 15 милиони евра на фирмата „ОИЛКО“, според решението донесено во Основниот суд Скопје II.
Решението е донесено на барање на здружени надворешни акицонери (кои имаат околу 8.500 гласа на акционерското собрание). Адвокатката Љубица Рубен која ги застапува здружениете акционери во изјава за „Економски.мк“ вели дека со ова решение се оневозможува „Макпетрол“ да префрли имот вреден 15 милиони евра кој се состои од подвижни и недвижни ствари на фирмата „ОИЛКО“.
„Меѓу другите ствари, во прашање е и имотот во општина Илинден каде има бензинска пумпа, мотел, погон за биодизел. Со времената мерка се забранува префрлање на овој имот на „ОИЛКО“, објаснува Рубен.
Одлуката за префрлaње на имотот на „Макпетрoл“ на „ОИЛКО“ беше донесена на акционерското собрание кое се одржа на 01.06. Застапникот на акционерите и тогаш предупредил дека одлуката е незаконска затоа што за ваква зделка е неопходно ревизорско мислење, но и покрај тоа одлуката била изгласана.
„Ревизорското мислење е задолжително. Ревизорот мора да објасни дека ваквата зделка е фер и е извршена по пазарни услови. Тоа е потребно за да не се случи да се намалува имотот на „Макпетрол“ за сметка на „ОИЛКО“, објаснува Рубен.
Тужителите и натаму ќе ја продолжат постапката и ќе бараат времената мерка да се замени со поништување на одлуката донесена на акционерското собрание, вели Рубен за економски.мк.
Можеби ќе ве интересира
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас




