Судските реформи добиваат втора шанса утре во Собрание, Власта и опозицијата со доближени ставови
Објавено во: Македонија 15 Април, 2018 19:04
Системскиот закон за судови и законот за Судскиот совет утре во Собранието ќе добие втора шанса откако власта и опозицијата ги доближиле ставовите за време на викендов, објави Пост.
Работните групи на ВМРО-ДПМНе и на СДСМ и во текот на викендот ги усогласуваа ставовите околу судските реформи. Од опозицискиот табор велат дека веќе речиси и да нема разлики во однос на законот за Судскиот совет, додека за законот за судови останува да се допрецизираат одредени одредби во однос на дисциплинската одговорност за судиите.
Според извори на „Пост“, ВМРО-ДПМНЕ инсистра на градација на казните за судиите – на лесни, тешки и многу тешки. За полесна одговорност би се сметале случаите на прекршување на етичкиот кодекс, а за потешка – прекршувањата на деловникот за работа. За многу тешка одговорност би се сметале евентуални кривични дела за кои е предвидена повисока казна од шест месеци затвор.
Од СДСМ велат дека нема поголеми разидувања со ВМРО-ДПМНЕ и дека прифатените забелешки на опозицијата се преточени во заеднички амандмани.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




