24 Април, 2024
0.0271

Супер Боул, спој на капитализам и спорт (видео)

Објавено во: Анализа 07 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Во неделата се одржа финалниот натпревар во американскиот фудбал или како ние што го нарекуваме рагби. Во финалето се сретнаа екипите на Балтимор и Сан Франциско, а титулата ја однесоа играчите на Балтимор. Овој текст не е спортски извештај, целта е да ви го доловиме овој настан преку неколку бројки кои на најдобар можен начин ќе ни доловат како американците успешно прават бизнис од се. А спортот како игра со која се идентификуваме сите е една од најдобрите алатки за привлекување на народ кој троши пари и ужива во потрошеното време. По завршувањето на натпреварот, задоволни се сите. Еве зошто! Најниската цена за продаден билет оваа година е околу 2.300 долари, додека најскапо платена влезница изнесувала 13.000 долари. Цените варираат цело време но во основа ова е распонот по кој се продаваа. Вкупно има 69.700 , што би дошло неверојатни 157 милиони долари и тоа само ако се продадени по најниската цена. Веќе станува традиција за најголемите компании да се рекламираа на овој настан. Обично се закупува простор од 30 секунди, иако има некои компании што имаат и некоја секунда повеќе. Долгите верзии од рекламите можеме да ги видиме во привјуата на настанот. Само за продукција на еден таков спот се трошат еден милион долари и дополнителни околу 4 милиони долари за 30-те секунди. Цените постојано растат и има кој да ги плати, па така веројатно и на компаниите им се исплати оваа солена цена. Збирно таа вечер на реклами се трошат фантастични 133 милиони долари Еве во изминативе години колку пари која компанија потроши на реклами на супер боулот: 1. Анхаузер Буш, производителот на пивото БАД во последниве пет години потроши 250 милиони долари, износот е толку голем дека секогаш ја купува првата реклама. 2. Пепси се вторите големи огласувачи, 183 милиони долари за пет години. Пуштаат по две реклами и дополнително се спонзори за шоуто на полувреме, а тоа се плаќа плус. Паралелно во овој период многу компании пуштаат и кампањи по социјалните мрежи каде активно ги вклучуваат и потрошувачите. Рекламите ги очекуваат сите и секако каналот нема да биде сменет на полувреме. Настанот е убедливо најгледана ТВ програма во САД. Вкупно 112 милиони гледачи се уклучени и го следат во живо телевизискиот пренос. Скоро 50% од сите домаќинства го следат овој настан. Добро се офајдува и домаќинот. Овој пат финалето се одржа во Њу Орлеанс. Градот кој беше уништен од ураганот Катрина го посетија околу 150.000 туристи за време на викендот. Цените на хотелите со три и четири ѕвезди достигнуваат цени од 500-750$. Градот ќе има економски импакт од скоро 450 милиони долари. Ете така американците прават бизнис! А во продолжение, Фактор Ви ги претставува најинтересните реклами на финалето: 1. Најдобра реклама http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=KvxZcULxfKw 2. Најраскажувана реклама http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=XoAIG9HcLvA 3. Најинтриганта реклама http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=AMpZ0TGjbWE 4.  Најдобар елемент на изненадување http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=FadwTBcvISo 5. Најемотивна реклама http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=o2prAccclXs 6. Најлоша реклама http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=Z43WNg76OYk Редакција Фактор