23 Април, 2024
0.0254

Супер слајдови: Кој ги чува парите и каде е најдобро да се родите во 2013-та!

Објавено во: Анализа 18 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Фактор Ви пренесува неколку супер слајдови од светот, меѓудругото и каде е најдобро да се родите во 2013-та година ! Ова беше добра година за инвеститорите на берзите ширум светот. Нашата беше исклучок, но доколку сте имале можност за инвестиции надвор сигурно сте прошле добро. Еве како пројдоа индексите ширум светот: Феноменални 30% раст за германскиот индекс и сосема солидни 13% за американскиот S&P 500. Дури и Кинезите кои стагнираа годинава успеаја да извлечат мала позитива, но сепак позитива за 2012. Индија е најсилна помеѓу БРИКС берзите,но и Мексико како нова растечка сила во светот забележа одличен принос од близу 18%. Каде стојат парите: Одлична табела која опишува какво е однесувањето на луѓето во одредени делови во светот: Погледнете зошто е толку значајна берзата за Американците. Повеќе од 40% од активата на населението е врзана со берзите, ниту една друга земја коро и да не надминува 20%. Од друга страна гледате зошто Јапонија се позајмува само дома, повеќе од 50% кеш и депозити (нешто слично како нивните колеги од истокот – корејците). Германците исто така се релативно конзервативни со најголем дел од заштедитево обврзници и депозити. Доколку би имало и дел за Македонија, ние веројатно би биле поконзервативни од Јапонците. А еве зошто толку периферните ЕУ земји се погодени од кризата: По години на ниски каматни стапки со почеток на кризата трошоците за позајмување постојано растат. Доброто е што како минува времето ситуацијата делува дека се стабилизира. Од друга страна како нус појава од целава криза Германија може да се задолжува со исторски најниски каматни стапки. Еве кај било најдобро да се родите во 1988 година: Што се сменило за 15 години: Доминација на Северна Европа и драстичен пад на САД, додека Јапонија во табелата за 2013 ја нема во Топ 20-те земји. Ова истражување не ја опфатило Македонија, а од регионот убедливо води Словенија која е на 32-ро место во светот. Исто така според Економист во 2013 година е подобро да се родиш во Иран отколку во Бугарија. Редакција Фактор