Суперанализата покажала дека листеријата сепак не е во свинскиот врат на „Екстра Меин“
Објавено во: Агробизнис
12 Август, 2014 14:21
Добивај вести на Viber
Анализа на нови примероци од вакумираниот свински врат на кумановската месна индустрија „Екстра Меин“ сепак покажале дека опасната бактерија листерија не се наоѓа во овој производ.
Супер-анализите извршени на Факултетот за ветеринарна медицина во свинскиот врат на овој производител не откриле никакви траги на листерија, бактеријата од која починаа четири лица.
Претходно, од „Екстра Меин“ ги објавија наодите и од работните површини и машините во фабриката, кај кои исто така не беше детектирана листерија.
„Ова покажува дека производите излезени од погоните “Екстра Меин“ се произведуваат по сите светски стандарди за безбедност и квалитет на храна“, велат од компанијата за порталот Кумановоњус
Во текот на денот се очекува да пристигне и втората суперанализа изработена од Институтот за јавно здравје. Веќе неколку дена работата на фабриката е целосно стопирана, а од продажба се повлечени сите спорни и сомнителни производи.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?