Добивај вести на Viber
Млекарницата “Суташ” продолжи со откупот на сурово млеко од фармерите во прилепскиот регион, но само од оние кои произведуваат квалитетно млеко, посочуваат од компанијата. Од фабриката “Балканска Млекара” која е фирма ќерка на турски “Суташ” и која го врши откупот на млеко во земјава за Фактор велат дека се ригорозни во однос на квалитетот на суровото млеко, поради што престанале да го откупуваат млекото од 20 кооперанти од прилепскиот регион поради незадоволителниот квалитет.
-Ригорозни сме во однос на квалитетот на суровото млеко кое го откупуваме, така што млекото кое е со понизок стандард на квалтитет не се прима за обработка во нашата млекара. Во Прилепскиот регион дневно откупуваме од 98 кооперанти кои што припаѓаат во таа област. Престанавме да откупуваме од 20 кооперанти од Прилепскиот регион поради незадоволителниот квалитет на суровото млеко. Инаку продолжуваме да откупуваме млеко од 78 кооперанти (фармери) од овој регион. И во иднина ке продолжиме да бидеме внимателни во врска со квалитетот на млекото, велат од фабриката “Балканска Млекара”.
Дел од фармерите велат дека не добиле информацијата од млекарата дали ќе продолжи да им го откупува млекото, но потврдуваат дека во некои села откупот е продолжен.
-Во некои села почнаа да откупуваат во некои не, таму каде што си одлучиле тие, мене не ми откупуваат, а и не ме информираа дали воопшто ќе продолжат да ми откупуваат млеко. Но не можам да чекам се префрливо во млекарата “Бимилк”,вели фармер од прилепско.
Минатиот месец фармерите од повеќе села од Прилепскиот регион реагираа на одлуката на млекарата го стопирала откупот на млеково овие делови од овој регион, со образложение дека има високо ниво на бактерии. Тогаш фармерите изјавија дека за нив е нејасно како претходните се било во ред и како одеднаш се открива дека нивното млеко има зголемено ниво на бактерии.
Согласно европските стандарди, еден милилитар млеко треба да има максимум 100.000 бактерии и 400.000 соматски клетки, обезмастена сува материја најмалку 8,5 проценти и три отсто протеини. Со Стратегијата за подобрување и следење на квалитетот на млекото 2013-2020, со која е предвидено окрупнување и зголемување на бројот на грла, примена на добра земјоделска пракса односно превенција од маститис, подобрување на расниот состав, исхраната, заштитата. Годинава и субвенциите за млеко ќе се даваат според квалитетот, што ги стимулира фармерите да внимваат на квалитетот на млекото.
“Балканска млекара” во земјава соработува со 225 кооперанти
Од Млекарницата “Балканска млекара” велат дека подготовките за извоз во Европската унија и во Русија се при крај. Оваа млекарница соработува со 225 кооперанти во земјава. Од млекарата ги отфрлаат шпекулациите дека го намалиле дневниот откуп на млеко.
-Фабриката “Балканска Млекара” во Македонија е со најмодерен производствен капацитет од 180 тона дневно. Подготовките кои што ги правиме за извоз во Европска Унија и Русија ни се при крај и набрзо ќе почнеме со извоз кон тие држави.Во Република Македонија, соработуваме со 225 кооперанти (фармери) од кои што секојдневно откупуваме сурово млеко.Групацијата СУТАŞ од Турција, чија фирма ќерка сме ние, е огромна корпорација која реализира годишен обрт од 2 милјарди евра и дневно обработува 2.500.000 литри млеко, велат од “Балканска млекара”.
Млекарницата “Балканска млекара” чиј основач е турскиот гигант “Суташ”, со откуп на млеко во земјава почна во мај 2013-та година. Се најави како инвестиција во вредност од околу 15 милиони евра. Голем дел од фармерите потпишаа кооперантски договори поради поволните услови, а млекарата најави крупни бизнис планови. Изминатиот период на пазарот се лансираа и нови производи под брендот “Суташ”. Турскиот гигант ја купи пропаднатата “Сведмилк” од Тутунска банка за 4,5 милиони евра, а раководството најави дека “Балканска млекара” ќе стане најголема на Балканот.
Ј.С
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: