СВАДБЕНИТЕ ПРОСЛАВИ ОТКАЖАНИ: Што е со склучувањето бракови додека трае вонредната состојба?
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 25 Март, 2020
Додека трае вонредната состојба поради коронавирусот, двојките нема да можат да склучуваат брак надвор од просториите на матичното.
Но, склучувањето на граѓански брак може да се направи во матично.
„Додека трае вонредната состојба не склучуваме бракови на терен, меѓутоа истиот може да биде склучен во сала. Граѓаните може да се обратат во некое од нашите матични подрачја и да се договорат со матичарот за датум за склучување на бракот“, додаваат од Управата за водење на матични книги.
Рестораните и кафулињата не работат. Свадбените церемонии се откажуваат, од причина што не е дозволено да се собираат повеќе луѓе поради опасноста од ширење на смртоносниот вирус. Угостителите од Дебар се загрижени затоа што овој град има голем број заразени.
„Кај нас засега откажана е една свадба на која требаше да присуствуваат 90 до 100 гости, луѓето не смеат да се собираат. Најголем дел од свадбите се случуваат во јули и август, тогаш е ударно, но ако вака продолжи ќе трпиме штети. Не знаеме кога ова ќе заврши, се надеваме дека ќе биде добро“, вели Урим Леши, од ресторанот Дрилон во Дебар.
Од друг ресторaн во Дебар, раскажуваат дека сега е најважно животот да се врати во нормала, и граѓаните да бидат живи и здрави.
„Ние сме затворени од почетокот на март, и со тоа имаме откажано 7 или 8 прослави кои трeбаше да се одржат кај нас. Здравјето е најважно, сакаме оваа ситуација што поскоро да заврши. До кога ова ќе трае, не знаеме, но секој ден одиме надолу, и кога ќе нема опасност по здравјето на луѓето нам ќе ни биде многу тешко. Работниците сега седат дома, и лошо е за сите“, додаваат од ресторан во Дебар.
На 18 март претседателот Стево Пендаровски прогласи вонредна состојба во целата држава.
Претходно, кризна состојба беше прогласена за Дебар и Центар Жупа.
Ограничено е движењето на младите до 18 и на оние над 67 години.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.