СВАДБИ ОД ЈУНИ И САМО НА ОТВОРЕНО - Филипче најавува строго утврдени протоколи
Објавено во: Македонија 19 Мај, 2021 13:36
Ако продолжи трендот на намалување на заразата со ковид-19, можно е од јуни да се одобри барањето на угостителите за организирање свадби и прослави под строго утврдени протоколи, најавува министерот за здравство Венко Филипче.
Рестораните и понатаму би биле отворени само во надворешниот дел од локалот, а се размислува и за зголемување на капацитетот на гости на една маса. Предлозите ќе се дискутираат во рамки на Комисијата за заразни болести, посочи Филипче.
„Многу е веројатно да се случи, ако продолжат овие трендови на намалување, но не можам да тврдам. Мислам дека маските треба да се носат и понатаму, сѐ уште е рано да се тргнат како мерка. Понатаму, угостителските објекти да продолжат да работат само надвор, не внатре. Да се дозволат свадби после долго време, со протоколи во однос на пополнетост на капацитет во надворешни услови и евентуално да се излезе во пресрет на барањето за зголемување на бројот на посетители по маса. Сите други протоколи во однос на организација на настани соодветно е да продолжат и понатаму“. изјави Филипче.
Министерот Филипче најави и дека идната недела се очекува да бидат готови сертификатите со електронски код со податоци за вакцините, со кои ќе може да се патува низ европските држави. Во комуникација се, како што рече, сѐ уште со српските колеги, од каде што се чекаат податоци за граѓаните што примиле вакцина таму, за да може ревакцината да ја добијат во Македонија, но само ако не станува збор за Астра Зенека“, која кај нас не се дава на лица под 60 години.
Филипче рече дека земјава следната недела ќе го издаде т.к.н. „грин пис“, односно електронскиот кју-ар код, во кој ќе има податоци за вакцината, ПЦР тест и евентуално за антитела.
„Па ако кој било од трите параметри, ако се бара во било која европска земја, да може патмникот да ги има со себе“, рече Филипче.
Можеби ќе ве интересира
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска




