20 Декември, 2025
0.0415

СВЕЧЕНОСТА ЗА СПОМЕНИКОТ ВО СЛУПЧАНЕ СЕ ПЛАНИРА ЗА 2 МАЈ, НА РАМАЗАН БАЈРАМ - Димитриевски добил иницијативи за споменици за загинатите бранители и полицајците во Диво Насеље

Објавено во: Македонија 30 Април, 2022 18:47

Добивај вести на Viber

Свеченоста за отворање на споменикот посветрен на борците на УЧК во Слупчане е планирана за в понеделник, на Рамазан Бајрам. Министерството за транспорт негира дека издало дозвола за изградба на споменикот како што тврди градоначалникот, а во Министерството за култура воопшто не се запознаени, ниту некој побарал дозвола, пишува ТВ Телма.

На 2 мај на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам свечено ќе биде откриен споменик во чест на паднатите борци на ОНА. Споменикот чини 200.000 евра и е висок 20 метри.

Настанот на Фејсбук го најави  градоначалникот на Липково Еркан Арифи , член на ДУИ, со пригодно видео. Тој претходно изјави дека споменикот го гради фирмата ХОЏА инженеринг и чини 200.000 евра, дека е легален и регистриран во Министерството за транспорт и врски.

„За тоа што мачениците го дадоа за нашата слобода, ние ја поставивме Спомен кулата за да го одбележиме нивното херојско дело за цел живот“, рече Еркан Арифи, градоначалник на општина Липково.

Министерството за транспорт и врски демантирало дека е побарана дозвола, ниту пак била издадена дозвола.

Во меѓувреме градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски  соопшти дека до Општина Куманово пристигнале две иницијативи  за изградба на спомен обележје за загинатите припадници на безбедносните служби. Првата идеја била од Здружението на ветерани од Куманово, втората од Синдикатот на полициски службеници да се изгради споменик за загинатите бранители од конфликтот во 2001 година и загинатите полицајци во акцијата во Диво насеље од 2015 година.

Извор и фото: Телма Тв

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки