СВЕТОТ НА НОЗЕ: Ердоган најави дека ќе соопшти важна одлука после седницата на Националниот одбор
Објавено во: Балкан 20 Јули, 2016
Седницата на Националниот одбор за безбедност на Турција со која претседава претседателот Реџеп Таип Ердоган почна денес во Анкара.
Седницата почна во Претседателството на Турција во Анкара, нешто после 13 часот по локално време.
Ердоган претходно најави дека ќе соопшти важни одлуки после седницата. Овој одбор е највисоко советодавно тело за безбедносни прашања.
Во чистките кои владата ги спроведува од неуспешниот пуч од петокот вечерта се приведени, отпуштени или суспендирани повеќе од 50 000 лица. Турската влада покрена процес на повлекување на лиценците за 21 000 наставници во приватните училишта.
Државната агенција Анадолија јави дека властите сметаат оти тие наставници се поврзани со Фетулах Ѓулен кој го обвинуваат за организација на неуспешниот воен удар минатата недела во кој се убиени повеќе од 230 луѓе.
Ѓулен демантира секаква вмешаност во пучот.