16 Јануари, 2025
0.0273

СВЕТОТ ВО 2013: Што да очекуваме од социјалните медиуми

Објавено во: Мои пари 31 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Големите играчи во 2012 станаа уште поголеми, и не покажуваат знаци дека ќе забават. Но Твитер, Фејсбук и Инстаграм имаат друштво. Само немојте повторно да се обложувате на Мајспејс како на важен играч. Кога денес ќе помислите на социјалните медиуми, на ум прво најверојатно ви паѓаат Фејсбук и Твитер, можеби и Инстаграм. Но додека овие сервиси имаат масивни – и растечки – бази на корисници, се разбира дека тоа не се единствените играчи во градот. Светот на социјалните медиуми е исполнет со други сервиси, и милиони луѓе си го добиваат дневниот „фикс“ и без да се прикачат на Фејсбук или Твитер. Постојат големи општи мрежи како Тагд (Tagged), и мноштво мали покренати со цел, како што е Пат (Path) или оние кои се фокусирани на славни личности како Литл монстер (Little Monster) сопственост на Лејди Гага. Постои дури и повампирен Мајспејс. Па што има во продавницата на 2013 за светот на социјалните медиуми? Само времето ќе каже, се разбира, но Си-нет ја стави својата шапка за предвидувања и извлече неколку предвидувања за годината пред нас. Мајспејс повторно стартуваше; никому не му е грижа
Ако се оди според планот, во следните неколку месеци со работа ќе започне целосно повампирен Мајспес, во обидот да се доближи до успешната, млада публика, преку медијацентрични теми и сопствеништво, меѓу кои се славни личности како Џастин Тимберлејк. Компанијата добро знае дека нема никогаш да биде голема онолку колку што некогаш беше, но сепак повторно ќе стартува. А заедничкиот одговор ќе биде само шумолење. Иако новиот висок менаџмент на Мајспејс знае дека не можат да се натпреваруваат со Фејсбук како примарна социјална мрежа за луѓето – тие сметаат дека ќе имаат по нешто и од Фејсбук и од Твитер, и дека ќе бидат фокусирани на музиката – сепак е тешко да се разбере зошто некому би му требало нов Мајспејс. После се, Фејсбук со неговото партнерство со Спотифај (Spotify), веќе овозможува лесно да се слуша и споделува музика. И Фејсбук и Твитер им обезбедуваат на музичарите лесен начин да се поврзат со фановите. Па така сета рационалност во врска со лансирањето на веќе подзаборавен бренд, чиј основен резон е веќе надминат од поголеми и посилни ривали, е тешко да се разбере. И корисниците ќе дојдат до истиот заклучок. Иако може да се појави мала доза на возбуда заради Тимберлејк и другите кои му ќе го позајмат своето име и гламур на новиот Мајспејс, тие брзо ќе изветват кога сите ќе сфатат дека никому не му е грижа. Фото ривалството Твитер-Инстаграм продолжува да се развива Како големи сторија во 2012, која започна да се отвара токму на крајот на годината, беше интензивираната битка помеѓу Твитер и нејзиниот поранешен сојузник Инстаграм. Твитер се надеваше дека самиот ќе го купи сревисот за размена на фотографии, но само гледаше како таа надеж се изгуби кога Марк Зукерберг влета со 715 милиони долари во кеш и со акции, и го купи Инстаграм во име на Фејсбук. Твитер ја загуби шансата како огромен потенцијал за заработка, а да не спомнуваме да си овозможи да вовлече десетици милиони нови страсни и посветени нови корисници во својот фолдер. Во пресрет на аквизицијата Фејсбук-Инстаграм, Твитер почна да објавува серија на свежи содржини кои изгледаа дека се имитација на искуствата на Инстаграм. Во тие обиди беа вклучени и релеватни резултати кои се појавуваа на врвот од бараната листа на пребарувања преку Твитер; во создавањето на поконзистено мобилно искуство; и потоа, најважното од се, во објавувањето на свои алатки за филтрирање на фотографии. Но Инстаграм се уште води со некои свои значајни предности во однос на Твитер, кога станува збор за споделување на фотографии и создавање и споделување на уметнички фотографии. Можеби најочигледно е екстремно страствената – и брзо растечка – заедница на корисници која ужива во него. Сепак, и Твитер има своја масивна корисничка база, и потенцијалот да се изедначи е кога ќе се подобрат неговите алатки. Твитер треба да го направи своето мобилно фото искуство уште подобро и по фокусирано отколку што е сега. Можеби ќе открие и дека еден од начините да се привлечат повеќе фотографи е да додадат и јазиче (тастер) на постоечката листа на јазичиња: хоум, конект, дискавер и ми (јас). До денес, Твитер објави осум бесплатни филтри, и тој број би требало да порасне и да се приближи на оние 18 на Инстаграм. Тоа ќе им помогне на корисниците на Твитер да гледаат на споделувањето на фотографии како на важна услуга заради која го одбрале тој сервис. Твитер е сила на која треба да и се одаде почит, но клучното прашање е дали може доволно брзо да работи да го стигне Инстаграм пред да стане предоцна. Избивањето на сцената на Тут (Tout) Во некои кругови, Тут е веќе одомаќено име. Сервисот за размена на видеа, кој им овозможува на корисницте брзо да прават и разменуваат 15-секундни клипови, стана омилена кај спортистите, медиумските куќи и други. Но многу луѓе едвај и да слушнале за него. Тоа може во голема смисла да се смени во 2013. Иако изгледа дека компанијата не сска да троши многу на маркетинг, таа сепак има лојална база на фанови која постојано го користи сервисот и умно, и е познато дека нивните следења на Твитер одат со побрза стапка отколку кај нормалните Твитер корисници. Зошто да не? Ако сликата вреди повеќе од илјада зборови, тога кратките видеа мора да вредат и повеќе од тоа. Тут е лесен за користење, и лесно е да се вметне „тут“ во „твит“, а кој не смета дека краткото видео може да каже повеќе од текст со 140 карактери? Сепак, досега и покрај тоа што беше сервис по избор за нешта како примерот кога кошаркашката ѕвезда Шекил о Нил го најави своето пензионирање, Тут се уште ќе треба да се пробива. Ова може да биде годината кога се ќе смени и кога се повеќе луѓе ќе ја сфатат вредноста на создавање и споделување на 15-секундни видеа. Излегува дека можете многу да кажете во 15 секунди, и се додека луѓето го научат тоа, ќе имаат на располагање сервис кој е подготвен да им помогне да ја кажат својата порака. Поголеми пари за Твитер Скоро од почетокот на постоењето, и покрај својот брз раст, Твитер мораше да се брани од прашањата за својата финасиска иднина. Тој отсекогаш се гледаше како голем сервис, но малкумина можеа да видат како тоа може да направи пари. Сега неговите критичари замолчуваат додека тој ангажирано ја турка својата платформа за рекламирање. Но инвеститорите вложија 1,16 милијарди долари во Твитер, според Кранчбејз, и сигурно е дека тие душебрижници сакаат микроблогерскот џин да ја забревта машината за создавање приходи. И тоа што поскоро. Како да го сторат тоа? Можат да продолжат со она што тргна добро во 2012, кога во играта се вклучија големи брендови и богами длабоко се вовлекоа, што не ги правеше среќни корисниците со разводнување на сервисот со реклами. Плус, тие можат да развијат полесни начини да ги сместуваат рекламите. Гугл стана финансиски ѕвер кога го реши овој проблем, делумно со реклами на своите услуги, па брендовите кои сакаат да објават реклами на Твитер со сигурност ќе сакаат да имаат исто лесно искуство. Покрај ова, на Твитер му требаат нови патишта да почне да (се) продава. За среќа, излегува дека компанијата многу сериозно се усмерува во решавањето на овие предизвици, и инвестира многу време и енергија како да го направи следниот чекор. Една од предностите кои таа ја има во однос на Фејсбук е тоа што мобилноста е исто толку добра платформа за рекламирање на Твитер, како и интернетот. Тоа на крајот може многу добро да излезе. Фејсбук ќе го купи Рокмелт? Фејсбук изгради платформа која на корисниците им ги нуди скоро сите оние алатки кои можете да си ги замислите, од тајмлајн до четување, од споделување фотографии до формирање и учествување во групи, и така натака. Но едно нешто кое се уште го нема е сопствен навигатор (браузер), и за интернет и за мобилни направи. Гугл, се разбира, го има браузерот Хром, кој е приспособен да собира податоци за она што го бараат луѓето, да го засилуваат рекламирањето, и општо да задржат милиони корисници врзани за Гугл на многу повеќе начини. Иако Фејсбук може да си нарави свој сопствен навигатор – и најверојатно го прави тоа – наместо тоа може да одбере да купи некој кој е веќе развиен и кој веќе се покажал како привлечен за коросниците, како и некој кој е создаден специфично добро да се интегрира со Фејсбук. За оние кои ги следа овие нешта, тој браузер е Рокмелт. Изграден како пребарувач за социјални мрежи, оваа алатка на база на Хромиум е дизајнирана лесно да работи со Фејсбук и Твитер, иако може со него и нормално да се прелистува по интернет. Сепак, неговиот специјален зачин е начинот на кој соврешно ги спојува социјалните елементи од Фејсбук. За она што досега се знае, Рокмелт не е на продажба и нема навестувања во јавноста дека компанијата сака да биде продадена, или пак дека постои интерес да му се продаде на Фејсбук. Но повторно, Рокмелт и Фејсбук споделуваат исти инвеститори (Андресен Хоровиц), иста фирма за односи со јавноста (Ауткаст), и чувството дека Фејсбук е во срцето на социјалното вмрежување. Воведувањето на Рокмелт под ист кров, ќе му овозможи на Фејсбук сопствен браузер, и тоа онаков кој може да се најде под разумна цена. Зошто Фејсбук би сакал да има свој браузер? Затоа што одеднаш ќе има пристап до далеку повеќе информации за однесувањето на корисниците, и потенцијално може да ги задржи корисниците во рамките на големото семејство на Фејсбук; и далеку од своите конкуренти, посебно Гугл. Покрај ова, постои и Рокмелт верзија за ајпад. Си-нет

Можеби ќе ве интересира

Точни податоци за силна енергетика: Меморандум меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Заводот за статистика

Точни податоци за силна енергетика: Меморандум меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Заводот за статистика

„Колку е часот?“ е весел помошник на децата при учењето да го читаат времето

„Колку е часот?“ е весел помошник на децата при учењето да го читаат времето

Стокомак ја започнува новата кампања “15 дена, 15 производи со 15 отсто намалување”!

Стокомак ја започнува новата кампања “15 дена, 15 производи со 15 отсто намалување”!

Групацијата 4iG во партнерство со Ериксон ќе ја развива идната 5G мрежа во Албанија

Групацијата 4iG во партнерство со Ериксон ќе ја развива идната 5G мрежа во Албанија

Се отвора нова dm дрогерија во ТЦ ,,K Mall“!

Се отвора нова dm дрогерија во ТЦ ,,K Mall“!

Samsung Electronics ги претстави новите soundbar – звучници на CES 2025

Samsung Electronics ги претстави новите soundbar – звучници на CES 2025

„Лесја Украинка“: Осуда на изјавите на Костадин Костадинов за „бугарска Бесарабија “ - манипулации кои се во спротивност со меѓународното право

„Лесја Украинка“: Осуда на изјавите на Костадин Костадинов за „бугарска Бесарабија “ - манипулации кои се во спротивност со меѓународното право

ЛУНДРИМ МЕХМЕДИ ГО ОСВОИ ПРЕМИУМ ЏЕКПОТОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА

ЛУНДРИМ МЕХМЕДИ ГО ОСВОИ ПРЕМИУМ ЏЕКПОТОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА

Samsung Neo QLED и Lifestyle телевизорите добија сертификат „EyeCare Circadian“ од VDE

Samsung Neo QLED и Lifestyle телевизорите добија сертификат „EyeCare Circadian“ од VDE