18 Декември, 2025
0.0453

Светска двојна МБА диплома од Универзитетот Јорк и Универзитетот Стразбур на СИТИ Колеџ

Објавено во: Мои пари 26 Април, 2021 12:44

Добивај вести на Viber

Извршната МБА е унапредена во програма со двојна диплома – Паневропската Извршна МБА програма наСИТИ Колеџ, Европскиот Кампус на Универзитетот Јорк и Факултетот за економија и менаџмент од Универзитетот Стразбур. Студентите на оваа програма од академската 2021/22 година, ќе добијат две дипломи, од врвниот британски Универзитет Јорк и од престижниот француски Универзитет Стразбур.

Паневропската ЕМБА програма којашто се нуди во Солун претставува дополнување и засилување на постоечката ЕМБА програма. Покрај двојната универзитетска диплома, ЕМБА програмата им нуди на студентите вистинско меѓународно искуство преку трите возбудливи студиски патувања - во Јорк (Велика Британија), во Стразбур (Франција) и во Солун (Грција). Предавањата се реализираат од меѓународен академски персонал и деловни експерти,истакнати професори од Европскиот кампус, од Универзитетот Јорк, како и од Универзитетот Стразбур. Паневропската ЕМБА е вистински меѓународна програма со непроценливи можности за вмрежување, дизајнирана за денешните менаџери и професионалци со цел подобрување на вештините и знаењата за професионален, кариерен и личен развој.

Паневропската Извршна МБА програма сега станува уште подостапна за сите професионалци кои сакаат да комбинираат работа и студирање, бидејќи може да се избере модел предавањата да се одвиваат редовно (F2F) за време на викендите или пак комбинирано, каде што предавањата се слушаат онлајн, освен студиските патувања. Програмата е акредитирана од Здружението на МБА програми (AMBA) и Институтот за менаџмент, од Велика Британија (CMI).

Стекнувањето со две акредитирани дипломи, придонесува студентот да стане дел од образовна средина со извонредно богато наследство и традиција, произлезена од двата универзитети. Универзитетот Јорк е еден од најдобрите образовни институции во светот (133 во светот според Тајмс - THE 2021), член е на престижната Расел група на водечки универзитети во Велика Британија и има освоено награда за Златен стандард во подучувањето „Gold Teaching Excellence Framework award (TEF)“. Универзитетот Стразбур, основан во 1631 година, во својата историја има 18 добитници на Нобелова награда. Според академското рангирање на светските универзитети 2020 (ARWC), тој е 6-тиот најдобар универзитет во Франција и меѓу 150-те најдобри универзитети во светот. Универзитетот е член на Лигата на европски универзитети за истражување (ЛЕРУ).

Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ е интегрирана единка на Универзитетот Јорк, како физичко присуство на Универзитетот во Европа и центар за поврзување со академските, институционалните и корпоративните мрежи низ цела Југоисточна Европа и другите европски региони. Претставува вистинска меѓународна институција со студенти од над 60 земји кои студираат на различни програми на главниот кампус во Солун и во 8 други земји од поширокиот регион повеќе од 30 години.

Повеќе информации во врска со Паневропската ЕМБА програма на Европскиот Кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ како и потребни спецификации за апликација се достапни на следниот линк.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА