02 Ноември, 2024
0.0354

Светските џет сетери се релаксираат на апарати за покер создадени во Ниш!

Објавено во: Балкан 23 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Ако ве нанесе патот во Макао, Казахстан, Мексико, Мадагаскар или Холандија и се обидете да се испробате во игрите на среќа голема е веројатноста на некои од апаратите да пишува – Произведено во Србија. Кога 33 годишниот Бобан Митиќ и 32 годишниот Душан Јевтиќ како студенти на електротехничкиот факултет го направиле првиот апарат за игри на среќа кој им бил нарачан од таткото на Душан не ни сонувале  дека за помалку од деценија ќе станат лидери во производство на вакви уреди. Во родниот Ниш, во компанијата „Fazi" до сега вложиле околу половина милион евра во развој и производство на игри на среќа. Пазарот кој е осетлив и со големи барања не прашува за цена, но бара врвен квалитет и дизајн во што овие Нишлии изгледа одлично се снашле. Годишно произведуваат околу стотина апарати чија цена се движи од 20.000 до 100.000 евра. Имаат ангажирано и голем борј на соработници, бидејки тие се грижат за развојот на софтверот. Токму поради тоа од вкупно 30те вработени 20 се инжењери. - Влеговме сосем случајно во тој свет, но се надевам дека ќе успееме покрај овие три континенти да ги освоиме и пазарите во Северна и Јужна Америка. Очекуваме многу и од саемот во Лондон на почетокот на идната година, вели инжењерот Митиќ. - Не е лесно да се опстане во оваа индустрија, затоа и се здруживме со компанијата „Mocart" и светски познатиот индустриски дизајнер Карим Рашид. Направивме специјална линија на рулети „tripl kraun" со три активни точки, вели Митиќ. Карим Рашид, еден од најпознатите индустриски дизајнери им бил на гости, но не откриваат колку чини неговиот ангажман, иако не го кријат задоволството од оваа улога. -          Тоа е хит производ бидејки е потполно нов. Не само дизајнот туку и можноста за поголема заработка ги привлекуваат оние кои уживаат во игрите на среќа, вели Душан Јевтиќ. За продажба на овие апарати мора да поседувате сертификат GLI, кој потврдува дека производите се изработени по светски стандард и чини навистина многу. Седиштето на компанијата која ги издава сертификатите е во Невада, но нивната работа во Европа се извршува преку седиштето во Милано. -          Без тој сертификат не би можеле да ги продадеме нашите апарати на ланецот казина во Макао, велат сопствениците. Навистина е интересно што успеале да влезат и на пазарот во Азија кој е навистина познат по електрониката, но тие откриваат дека сериозните компании не работат со плагијати. -          Никој не сака да ризикува со апарат кој лесно може да се пробие. Во нашиот софтвер е невозможно да се влезе, единствено ако некој успее физички да го скрши, тврдат сопствениците на компанијата. Коцкањето е забава за богатите, потврдуваат овие двајца Нишлии кој одлучиле да се бават со овој вид на бизнис. -          Во сиромашните земји игрите на среќа не ретко се третираат како пороци, додека во богатите како забава која носи голем приход за државата. Во принцип луѓето се коцкаат за да се опуштат, а не да заработат. Факт е дека сиромашните на игрите на среќа гледаат како на начин за лесна заработувачка и можност за преживување. Овде не станува збор за тоа. Правиме добри производи и ги продаваме насекаде по светот. Словенија која е лидер во светот за производство на апарати за игри на среќа ги прогласи за национален производ бидејки навистина имаат голем приход од нивниот извоз,  вели Душан Јевтиќ. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ТРАГЕДИЈАТА ВО НОВИ САД: И Црна Гора прогласи Ден на жалост

ПОРАДИ ТРАГЕДИЈАТА ВО НОВИ САД: И Црна Гора прогласи Ден на жалост

УШТЕ ЕДНА ЖРТВА: Почина извлечената девојка од урнатините

УШТЕ ЕДНА ЖРТВА: Почина извлечената девојка од урнатините

ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО СЕ ПОВИКАНИ НАЈМАЛКУ 20 ЛУЃЕ: Дачиќ рече дека корозија на држачите на натстрешницата е можна причина за несреќата

ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО СЕ ПОВИКАНИ НАЈМАЛКУ 20 ЛУЃЕ: Дачиќ рече дека корозија на држачите на натстрешницата е можна причина за несреќата

САЗДОВСКИ БИЛ ОД СВЕТИ НИКОЛЕ: Вчера планирал да се врати во Македонија

САЗДОВСКИ БИЛ ОД СВЕТИ НИКОЛЕ: Вчера планирал да се врати во Македонија

УШТЕ ЕДЕН ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР И АКТИВИСТ ДАДЕ МИСЛЕЊЕ: Посочува што би можела да биде причината за несреќата во Нови Сад

УШТЕ ЕДЕН ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР И АКТИВИСТ ДАДЕ МИСЛЕЊЕ: Посочува што би можела да биде причината за несреќата во Нови Сад

ЃОКОВИЌ ЗА НЕСРЕЌАТА ВО НОВИ САД: Моето срце е со настраданите

ЃОКОВИЌ ЗА НЕСРЕЌАТА ВО НОВИ САД: Моето срце е со настраданите

ИМ ПОДЛЕГНАА НА ПОВРЕДИТЕ: Во Нови Сад починаа две девојчиња

ИМ ПОДЛЕГНАА НА ПОВРЕДИТЕ: Во Нови Сад починаа две девојчиња

РАМА ОДИ НА СРЕДБА СО АЛБАНЦИТЕ ВО ГРЦИЈА: Ултранационалистите ќе го пречекаат со протести

РАМА ОДИ НА СРЕДБА СО АЛБАНЦИТЕ ВО ГРЦИЈА: Ултранационалистите ќе го пречекаат со протести

ТАГА ВО НОВИ САД: Загинаа млад фудбалер и неговата девојка

ТАГА ВО НОВИ САД: Загинаа млад фудбалер и неговата девојка