СВЕЖИ УТРА, ПРЕКУ ДЕН СОНЧЕВО И МНОГУ ТОПЛО: темепературите може да достигнат и до 30 степени
Објавено во: Македонија 29 Април, 2025 06:25
Стабилно и сончево време не очекува од денеска па се до празникот според метеопрогнозерот Славчо Попоски.
- Од вторник 29 април, па се до четврток 1 мај времето кај нас ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со мала локална облачност, а и температурите ќе бидат во пораст преку ден.
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец. И во Скопскиот регион се до четврток времето ќе биде стабилно, суво и претежно сончево со повремено засилен ветер од северен правец.
Што се однесува до температурите, тие во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени. Во Скопје таа ќе се искачува до околу 27/28 степени. Не се исклучува можоста во Повардарието температурите локално да се искачат и до 30 степени - нагласува Поповски.
Сепак, утрата ќе бидат посвежи со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 9 степени.
Поради тоа што за 1 мај очекувам стабилно, суво, топло и претежно сончево време, иако ветровито, сепак, ќе биде топло преку ден, уште одсега можете да си планирате каде би оделе на прошетка и каде би правеле скара на отворено и да уживате во првомајското преубаво време.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




